Запознајте Се Со Косилката; Опис На Косилката И Предвидена - Stiga T 92 Series Operator's Manual

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for T 92 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 260
• За намалување на ризикот од 
оган, не оставајте полни садови со 
остатоци во затворен простор. 
2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба 
да важен и приоритетен аспект при 
користење на косилката, да биде во корист 
на заедницата и животната средина. 
• Внимавајте косилката да не им пречи 
на соседите. Користете ја косилката 
само во разумно време (не многу 
рано наутро и доцна навечер кога 
може да ги вознемирите соседите). 
• Придржувајте се до локалните закони за 
отстранување на пакувањето, маслата, 
горивото, филтрите, оштетените делови, 
или какви било елементи со штетно 
влијание врз животната средина овие 
отпадоци не смее да се фрлаат во 
ѓубре, туку треба да се селектираат и 
однесат во соодветни собирни центри 
за рециклажа на материјали.
• Придржувајте се до локалните одредби 
за отстранување на отпадни материјали 
• Кога косилката ќе се расипе, не ја 
исфрлајте надвор, туку однесете ја 
во депонијата за отпадни материјали, 
согласно позитивните локални одредби.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО КОСИЛКАТА
3.1 ОПИС НА КОСИЛКАТА И
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина е тревокосачка
со седнат оператор.
Косилката се состои од мотор што 
го управува сечилото заштитено во 
куќиштето, како и единицата за пренос 
што ја придвижува косилката.
Косилката е опремена со:
– систем за хидростатски погон со 
две тркала (2WD) или четири тркала 
(4WD), со бесконечно променлив опсег 
на предна брзина и на рикверц.
Операторот е во позиција да управува 
со косилката, и да ги вклучува главните 
команди во седечка состојба. 
Безбедносните уреди инсталирани на 
косилката ќе го запрат работењето 
на моторот и на сечилото за 
неколку секунди (пас. 6.2.2).
3.1.1 Намена
Оваа косилка е наменета и 
произведена за косење трева.
Генерално, оваа косилка може:
1. да коси трева и остатокот да го собере 
во вреќата на корпата за трева.
2. да коси трева и да ја распредели на 
површината преку задниот отвор.
3. да коси трева, да ја сецка и да 
ја распредели на површината 
(ефект на мулчирање).
4. да коси трева и странично да ја 
распредели на површината.
Употребата на одредена дополнителна 
опрема којашто ја предвидел 
производителот како оригинална опрема 
и делови што се набавуваат засебно, 
дозволуваат да ја завршите оваа работа 
на различни начини, дадени во ова 
упатство, и во упатството што се доставува 
со дадената дополнителна опрема.
Исто така, намената може да се зголеми со 
користење на дополнителната опрема (ако е 
предвидено од страна на Производителот), 
почитувајќи ги ограничувањата и 
условите наведени во упатствата 
дадени со дополнителната опрема.
3.1.2 Несоодветна употреба
Неправилната употреба може да 
претставува опасност и да предизвика 
повреди и штети на лица и/или предмети. 
Примерите за несоодветна употреба 
вклучуваат, но не се ограничени на:
– дозвола деца, животни и други луѓе 
да управуваат со косилката, бидејќи 
може да паднат и да се повредат, и да 
ја нарушат безбедноста на операторот;
– влечење или откачување на товар, без 
соодветната предвидена дополнителна 
опрема наменета за влечење;
– користење на косилката на нерамни, 
лизгави, замрзнати, камени, површини, 
во близина на мочуришта или бари, каде 
што нема услови за проценка на теренот;
– употреба на сечилото на друга 
површина што не е трева;
– употреба на косилката за 
собирање лисја или остатоци.
ВАЖНО Несоодветната употреба на
косилката ќе ја поништи гаранцијата,
и ќе го ослободи Производителот од
сите одговорности, а со тоа корисникот
MK - 5

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents