Download  Print this page

Македонски - Bosch AHS48-20 LI Operation Manual

Hide thumbs

Advertisement

Table of Contents
Македонски
Безбедносни напомени
Толкување на симболите
Прочитајте го упатството за употреба.
Не користете ја косачката кога врне и не
излагајте ја на дожд.
Извадете ја батеријата пред чистење,
поправање или складирање на машината.
Општи напомени за безбедност за
електричните апарати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
безбедност. Грешките настанати како резултат од
непридржување до безбедносните напомени и упатства
може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за
користење и за во иднина.
Поимот «електричен алат» во напомените за безбедност
се однесува на електрични апарати што користат струја
(со струен кабел) и електрични апарати што користат
батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
 Работниот простор секогаш нека биде чист и добро
осветлен. Неуредниот или неосветлен работен
простор може да доведе до несреќи.
 Не работете со електричниот апарат во околина
каде постои опасност од експлозија, каде има
запаливи течности, гас или прашина. Електричните
апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта
или пареата.
 Држете ги децата и другите лица подалеку за време
на користењето на електричниот апарат. Доколку
нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите
контролата над уредот.
Електрична безбедност
 Приклучокот на електричниот апарат мора да
одговара на приклучокот во ѕидната дозна.
Приклучокот во никој случај не смее да се менува.
Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со
заземјениот електричен апарат. Неменувањето на
прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат
ризикот од електричен удар.
 Избегнувајте физички контакт со заземјените
површини на цевки, радијатори, шпорет и
Bosch Power Tools
Прочитајте ги сите
напомени и упатства за
фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен
удар, доколку Вашето тело е заземјено.
 Електричните апарати држете ги подалеку од дожд
и влага. Навлегувањето на вода во електричниот
апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
 Не го користите кабелот за друга намена, за да го
носите електричниот апарат, за да го закачите или
да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете
го кабелот понастрана од топлина, масло, остри
рабови или подвижните компоненти на уредот.
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за
електричен удар.
 Доколку со електричниот апарат работите на
отворено, користете само продолжен кабел што е
погоден за користење на надворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на
отворено го намалува ризикот од електричен удар.
 Доколку користењето на електричниот апарат во
влажна околина не може да се избегне, користете
заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на заштитниот уред со диференцијална
струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
 Бидете внимателни како работите и разумно
користете го електричниот апарат. Не користете
електрични апарати, доколку сте уморни или под
влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание при употребата на електричниот апарат
може да доведе до сериозни повреди.
 Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни
очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска
за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем
или заштита за слухот, во зависност од видот и
примената на електричниот апарат, го намалува
ризикот од повреди.
 Избегнувајте неконтролирано користење на
апаратите. Осигурете се, дека е исклучен
електричниот апарат, пред да го приклучите на
напојување со струја и/или на батерија, пред да го
земете или носите. Доколку при носењето на
апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте
го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување
со струја, ова може да предизвика несреќа.
 Извадете ги алатите за подесување или клучевите за
зашрафување, пред да го вклучите електричниот
апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите
на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
 Избегнувајте абнормално држење на телото.
Застанете во сигурна положба и постојано држете
рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го
контролирате електричниот апарат во неочекувани
ситуации.
 Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
Македонски | 189
F 016 L81 238 | (7.10.15)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ahs55-20 liAhs50-20 liAhs53-20 li