Оддел За Замрзнување - Koncar H1A 54 255.BF Instruction Booklet

Table of Contents

Advertisement

Оддел за замрзнување
Оддел за замрзнување се користи за замрзнување свежа храна и за чување на
замрзната храна за период што е посочен на пакувањето или за правење коцки мраз.
• За замрзнување свежа храна завиткајте ја соодветно свежата храна, во пакувањето
не смее да има воздух и не смее да протекува. Најсоодветни се специјални
вреќички за замрзнување, алуминиумска фолија (дебела, со двојно обвиткување),
полиетиленски вреќички и пластични садови.
• Не оставајте свежата храна што треба да се смрзне да допре во веќе замрзнатата
храна.
• Секогаш ставајте ги датумот и содржината на пакувањето и не надминувајте го
посоченото време за чување.
• Ако снема струја или има дефект, одделот на замрзнувачот ќе одржува
задоволително ниска температура за чување на храната. Сепак, избегнувајте да
ја отворате врата за да го забавите зголемувањето на температурата во одделот
за замрзнувачот.
• Максималната количина на свежа храна што може да се стави во замрзнувачот во
рок од 24 часа е посочен на плочката (видете капацитет за замрзнување).
• Никогаш не ставајте топла храна во замрзнувачот.
• Кога купувате и чувате замрзната храна, проверете дали пакувањето е оштетено.
• Времето за чување и препорачаната температура за чување замрзната храна се
посочени на пакувањето. Следете ги препораките на производителот за чување
и употреба. Храната не треба да се чува повеќе од 3 месеци ако нема дадени
информации.
• Ставете ја замрзнатата храна во одделот за замрзнувачот што е можно поскоро
по купувањето.
• Штом храната ќе се одмрзне, не смее одново да се замрзнува. Мора да ја зготвите
што е можно поскоро за да се потроши или да ја замрзнете одново.
• Наполнете го садот за мраз со вода и ставете го во замрзнувачот. Откако водата
целосно ќе се претвори во мраз, може да го свиткате садот како што е прикажано
подолу за да ги извадите коцките мраз.
MK - 51 -

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents