Оддел За Замрзнување - Koncar HC1A 379NF.BF Instruction Booklet

Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

  • ENGLISH, page 1
MK
СТАВАЊЕ ХРАНА
78
ЗАБЕЛЕШКА: Компирите, кромидот и лукот не треба да се чуваат
во ладилникот.
Оддел за замрзнување
• Користете го одделот за длабоко замрзнување на ладилникот за
да ја чувате замрзнатата храна подолг период и за да правите
коцки мраз.
• За да постигнете максимален капацитет во одделот за
замрзнување, користете ги стаклените полици за горниот и
средниот дел. Користете ја долната корпа за долниот дел.
• Не ставајте ја храната што сакате да ја замрзнете во близина на
веќе смрзнатата храна.
• Треба да ја замрзнувате храната (месо, мелено месо, риба
и слично) разделени во порции за да може да се консумираат
наеднаш.
• Не замрзнувајте ја повторно замрзнатата храна што веќе се
растопила. Тоа е опасно по здравјето бидејќи може да предизвика
проблеми како труење со храна.
• Не ставајте врела храна во длабокото замрзнување пред да
се излади. Може да предизвикате расипување на претходно
замрзнатата храна во одделот за длабоко замрзнување.
• Кога ќе купите замрзната храна, проверете дали е замрзната во
соодветни услови и уверете се дека пакувањето не е скинато.
• Кога складирате замрзната храна, треба да ги почитувате условите
за чување наведени на пакувањето. Ако нема објаснување,
храната мора да се консумира во најкратко време.
• Ако пакувањето со замрзната храна е влажно и има непријатен
мирис, храната веројатно била претходно замрзната во
несоодветни услови и се расипала. Не купувајте ваква храна!
• Времето на чување на замрзнатата храна се менува зависно од
температурата во средината, од тоа колку често ја отворате и
затворате вратата, од поставките на термостатот, видот храна и
периодот што поминал од кога храната е ставена во замрзнувачот.
Секогаш почитувајте ги упатствата на пакувањето и никогаш не
надминувајте го посоченото време за складирање.
• Ако снема струја подолго време, не отворајте ја вратата на
одделот за замрзнување. Оваа вредност се намалува при
повисоки температури во средината. Ако нема струја подолго
време, не замрзнувајте ја храната одново и консумирајте ја што
е можно поскоро.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hc1a 379nf.sf

Table of Contents