Инсталација И Работа Со Ладилникот - Koncar H1A 54 255.BF Instruction Booklet

Table of Contents

Advertisement

• Не ставајте стаклени шишиња или конзерви со пијалаци во
комората на замрзнувачот. Шишињата или конзервите може
да експлодираат.
• Не ставајте експлозивен или запалив материјал во фрижидерот
од безбедносни причини. Ставајте ги пијалаците со поголем
процент алкохол вертикално и затворајте ги цврсто кога ги
чувате во комората на фрижидерот.
• Кога земате мраз од ледоматот, не допирајте ги коцките мраз со раце.
Може да предизвикаат смрзнување на ткивото и/или исеченици.
• Не допирајте ја замрзнатата храна со мокри раце! Не јадете сладолед или мраз
веднаш откако ќе ги извадите од замрзнувачот!
• Овој производ е наменет за свежа храна и пијалаци. Чувајте ја свежата храна и
пијалаци краток временски период.
• Не чувајте замрзната храна во ледоматот и не користете го за замрзнување храна.
• Не замрзнувајте ја повторно замрзнатата храна откако се одмрзнала. Може да си
наштетите на здравјето со труење од храна.
• Не користете електрични уреди, спреј за одмрзнување или предмети со шило и
остри рабови какви што се ножеви или виљушки за да го отстраните мразот.
• Не покривајте го куќиштето со тантела и не ставајте тантела врз него. Тоа влијае
врз работата на ладилникот.
• Фиксирајте ја дополнителната опрема во фрижидерот во текот на транспортот за
да спречите нејзино оштетување.
Инсталација и работа со ладилникот
Пред да започнете со користење на фрижидерот, треба да обрнете внимание на
следните работи:
• Работниот напон на фрижидерот е 220-240 V при 50 Hz.
• Не одговараме за штетите настанати поради употреба без заземјување.
• Ставете го фрижидерот на место коешто не е изложено на директна сончева
светлина.
• Апаратот треба да биде оддалечен најмалку 50 cm од шпорети, рерни на гас и
разни грејни тела и најмалку 5 cm од електрични рерни.
• Фрижидерот никогаш не смее да се користи на отворено или да
се остава на дожд.
• Кога фрижидерот е поставен веднаш до замрзнувач, треба да
има најмалку 2 cm меѓу нив за да се спречи појава на влага на
надворешната површина.
• Не ставајте ништо врз фрижидерот. Поставете го фрижидерот
на соодветно место каде ќе има барем 15 cm слободен простор
одозгора.
• Прилагодливите предни ногалки треба да се стабилизираат на соодветната
висина за да се овозможи тој да работи на стабилен и правилен начин. Може
да ги прилагодувате ногарките вртејќи ги обратно од стрелките на часовникот
(или во спротивна насока). Ова треба да го направите пред да ставите храна во
ладилникот.
MK - 48 -

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents