Дополнителна Опрема; Индикатор За „Отворена Врата; Сад За Мраз (Ледомат); Организирање На Храната Во Апаратот - Koncar H1A 54 255.BF Instruction Booklet

Table of Contents

Advertisement

Дополнителна опрема
Индикатор за „отворена врата"
• Индикаторот за „отворена врата" на рачката покажува дали вратата е
добро затворена или дали е уште отворена.
• Ако индикаторот е црвен, вратата е уште отворена.
• Ако индикаторот е бел, вратата е добро затворена.
• Внимавајте вратата на замрзнувачот да ви биде секогаш затворена.
Така ќе спречите одмрзнување на храната. Ќе се спречи и таложење
мраз во замрзнувачот и непотребно зголемена потрошувачка на струја.
Сад за мраз (ледомат)
• Наполнете го садот за мраз со вода и ставете го во ледоматот.
• Откако водата целосно ќе се претвори во мраз, може да го свиткате садот како што
е прикажано подолу за да ги извадите коцките мраз.
ДЕЛ: 3
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ХРАНАТА ВО АПАРАТОТ
Оддел за ладење
Одделот за ладење се користи за чување свежа храна неколку дена.
• Не оставајте храната да го допира задниот ѕид во одделот на ладилникот. Оставете
простор околу храната за да циркулира воздухот.
• Не ставајте врела храна или течности што испуштаат пареа во ладилникот.
• Секогаш чувајте ја храната во затворени садови или завиткана.
• Никогаш не ставајте течности во отворени садови во ладилникот за да ја намалите
појавата на влага и зголемување на мразот.
• Сите видови месо, завиткани или во пакување треба да се ставаат на стаклената
полица веднаш над фиоката за зеленчук каде што воздухот е постуден.
• Може да ги ставите овошјето и зеленчукот во фиоката за свежа храна без да ги
спакувате.
• За да спречите излегување на студениот воздух, не обидувајте се да ја отворате
вратата премногу често и не оставајте ја вратата отворена долго време.
MK - 50 -

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents