Пред Да Повикате Сервисер - Koncar H1A 54 255.BF Instruction Booklet

Table of Contents

Advertisement

ДЕЛ: 5
ПРЕД ДА ПОВИКАТЕ СЕРВИСЕР
Ако фрижидерот не работи правилно, може има помали проблеми. Затоа, проверете го
следното пред да повикате електричар, за да заштедите време и пари.
Што да направите ако ладилникот не работи:
Проверете дали:
• Има струја,
• Главниот осигурувач во домот е исклучен,
• Термостатот е поставен на позиција "•",
• Штекерот е исправен. За да го проверите ова, приклучете друг апарат за којшто
знаете дека работи правилно.
Што да направите ако ладилникот не лади доволно:
Проверете дали:
• Сте го преоптовариле апаратот,
• Вратите се добро затворени,
• Има прашина на кондензаторот,
• Има доволно место одзади и од страните.
Ако има бука:
Гасот за ладење што циркулира во колото за ладење прави делумна бука (звук на
баботење) дури и кога компресорот не работи. Не грижете се. Тоа е сосема нормално.
Ако звукот е поинаков, проверете дали:
• Апаратот е добро порамнет,
• Нешто се допира на задната страна,
• Вибрираат работите што сте ги ставиле врз апаратот.
Ако има вода во долниот дел на фрижидерот:
Проверете дали:
Отворот за цедење на водата од одмрзнување е затнат (користете го чепот за чистење
на отворот за цедење)
Ако вашиот фрижидер не лади доволно:
Ладилникот е дизајниран да работи во интервали на амбиентална температура
согласно стандардите и климатските услови посочени на етикетата со информации.
Ние не препорачуваме да го користите фрижидерот надвор од наведените вредности
за температурата во контекст на ефикасно ладење.
Климатска класа
T
ST
N
SN
MK - 55 -
Температура во средината (°C)
Меѓу 16 и 43 (°C)
Меѓу 16 и 38 (°C)
Меѓу 16 и 32 (°C)
Меѓу 10 и 32 (°C)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents