Пред Да Го Користите Ладилникот; Различни Функции И Можности; Поставување На Термостатот - Koncar H1A 54 255.BF Instruction Booklet

Table of Contents

Advertisement

• Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови
со топла вода во којашто ќе додадете една лажичка сода
бикарбона, потоа исплакнете ги со чиста вода и избришете ги.
Ставете ги сите делови на место по чистењето.
• Поставете го пластичниот разделник (делот со црни лопатки
одзади) вртејќи го за 90° како што е прикажано на сликата за
да спречите кондензаторот да го допира ѕидот.
Пред да го користите ладилникот
• Кога го вклучувате фрижидерот по прв пат или по негово
преместување, оставете го во исправена положба 3 часа и
потоа вклучете го за да овозможите ефикасна работа. Во
спротивно, може да го оштетите компресорот.
• Фрижидерот може да има миризба кога ќе го вклучите по прв
пат. Миризбата ќе исчезне штом ладилникот ќе почне да лади.
ДЕЛ: 2
РАЗЛИЧНИ ФУНКЦИИ И МОЖНОСТИ
Поставување на термостатот
Термостатот автоматски ја регулира внатрешната температура на ладилникот или
замрзнувачот. Пониски температури се постигнуваат ако го свртите регулаторот од
позиција 1 до 5.
Важна забелешка: Не обидувајте се да го вртите копчето подалеку од положба 1,
бидејќи така ќе го исклучите апаратот.
• Може да го поставите копчето меѓу минимум и средно за краткотрајно складирање
храна во одделот на замрзнувачот. (1-3)
• Може да го поставите регулаторот на средно за долготрајно складирање храна во
одделот на замрзнувачот. (3-4)
Имајте предвид дека: температурата во просторијата, температурата на свежата
храна и зачестеноста на отворањето на вратата влијаат врз температурата во комората
на фрижидерот. Ако е потребно, сменете ја поставката на температурата.
• Кога ќе го вклучите ладилникот за првпат и за да добиете задоволително ладење,
тој мора да работи 24 часа без прекин додека не се излади до потребната
температура.
• Во текот на овој период, не отворајте ја вратата многу често и не ставајте многу
храна во ладилникот.
• Ако го исклучите фрижидерот од струја, мора да почекате барем 5 минути пред
повторно да го вклучите за да не го оштетите компресорот.
• Замрзнувачот може да лади до -18°C .
• Овој апарат е дизајниран да се користи во околина со температурен опсег од 16ºC
- 32ºC.
MK - 49 -

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents