Stiga CS 700 Li 48 Operator's Manual page 372

Battery powered chainsaw for tree service
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 174
e) Не губете рамнотежа. Секогаш
имајте сигурна потпора и соодветна
рамнотежа. На тој начин најдобро
ќе го контролирате електричниот
апарат во непредвидени ситуации.
f) Облечете се соодветно. Не носете
широки алишта или накит. Косата,
облеката и ракавиците треба да
се држат настрана од деловите
што се движат. Широка облека,
накит или долга коса може да се
закачат за деловите во движење.
g) Ако имате уреди за поврзување
на апарати за издвојување и
собирање на нечистотии, проверете
дали се поврзани и се користат на
правилен начин. Употребата на овие
апарати може да ги намали ризиците
што се поврзани со нечистотиите.
h) Не дозволувајте слободата стекната
од честата употреба на алатки да ви
овозможи да бидете самоуверени
и да ги игнорирате принципите за
безбедност на алатката. Несовесно
постапување може да предизвика
сериозна повреда за дел од секундата.
4)
Употреба и безбедносно ракување
со електричниот апарат
a) Не прегревајте го електричниот
апарат. Користете го електричниот
апарат прилагоден на работните
услови. Правилно користење на апаратот
обезбедува најдобра и најсигурна работа,
според моќноста за која е создаден.
b) Не користете го електричниот
апарат ако прекинувачот не е
правилно поставен во позиција за
вклучување или исклучување. Ако
електричниот апарат не може да се
вклучи со прекинувачот, тој е опасен
за употреба и треба да се поправи.
c) Извадете ја батеријата од лежиштето
пред каква било регулација
или менување делови или пред
складирање на апаратот. Овие
безбедносни мерки го намалуваат
ризикот од случајно вклучување
на електричниот апарат.
d) Одложете го електричниот апарат кога
не го користите подалеку од дофат
на деца и не давајте апаратот да го
користат лица што не се запознале со
истиот и не го прочитале ова упатство.
Електричните апарати се опасни во
рацете на неискусни корисници.
e) Редовно извршувајте проверка на
електричниот апарат. Проверете дали
подвижните делови се наместени
правилно и слободни за движење,
дека не се оштетени и елиминирајте
ја секоја друга можност што може да
повлијае врз функционалноста на
овој апарат. Во случај на оштетувања,
електричниот апарат треба да се
поправи пред повторна употреба.
Многу инциденти се предизвикани
заради невнимателно користење.
f) Одржувајте го апаратот наострен и
исчистен од остатоци при сечењето.
Адекватно одржување од остатоци
при сечењето, со наострени сечива
носи помалку случаи на заглавување
и полесно е за контролирање.
g) Користете го електричниот апарат
и дополнителната опрема согласно
дадените упатства, одржувајќи ги
работните услови и типот на работа
што треба да се изврши. Употребата
на овој електричен апарат за работи што
се разликуваат од превидените може
да предизвикаат опасни ситуации.
h) Одржувајте ги рачките и површините
за фаќање суви, чисти и без
масло и маснотии. Лизгави рачки и
површини за фаќање не дозволуваат
безбедно ракување и контрола на
алатот во неочекувани ситуации.
5) Употреба и мерки на претпазливост при
употреба на деловите за батеријата
a) Полнете само со полнач што
го одредува производителот.
Адаптираниот полнач за одредена
група батерии може да доведе до
ризик од пожар ако се користи
за друга група батерии.
b) Користете електрични делови само
со специфично утврдена група
батерии. Употребата на каква било
друга група батерии може да создаде
ризик од повреди или инциденти.
c) Кога групата со батеријата не се
користи, треба да се чува подалеку
од други метални ситни предмети
како спајалки, монети, шајки, игли,
шрафови и други ситни метални
предмети коишто може да создадат
врска меѓу двете клеми. Создавањето
врска меѓу клемите на батеријата може
да предизвика изгореници или искри.
d) Ако е во лоша состојба, батеријата
може да протече: избегнувајте
секаков контакт. Ако има случаен
контакт, исплакнете веднаш со
вода. Ако течноста ви навлезе во
очи, веднаш побарајте медицинска
помош. Истечената течност од
батеријата може да предизвика
иритација на кожата и изгореници.
MK - 3

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents