3M Bair Hugger 57501 Instructions For Use Manual page 42

Spinal underbody warming blanket
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Во операционата сала, не користете го ова ќебе за
затоплување со кој било друг уред освен уредот за
затоплување Bair Hugger серија 500, серија 700 или 675.
• Не користете го уредот за затоплување Bair Hugger серија
200 во операционата сала.
• Не користете го прилагодливиот уред за затоплување
Bair Hugger 800 со кое било ќебе за затоплување
Bair Hugger.
• Не продолжувајте терпевтското затоплување ако се
светне црвениот индикатор за прекумерна температура
и ако се огласи алармот. Исклучете го уредот за
затоплување и контактирајте квалификуван сервисер.
• Ако се користи уред за прицврстување (т.е. сигурносни
каиши, лента), проверете дали не се попречени каналите
за затоплување.
• Не ставајте го ќебето за затоплување директно над
дисперзивната подлога за електрода.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали ризикот од повреда
на пациентот или смрт поради променето аплицирање
на лекови:
• Не користете ќебе за затоплување врз лепенките на
трансдермалните лекови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали ризикот од повреди
поради пречки во вентилацијата:
• Не дозволувајте ќебето за затоплување или чаршафот за
глава да ја покриваат главата или дишните патишта на
пациентот кога пациентот не е механички вентилиран.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали ризикот од повреди
поради паѓање на пациентот:
• Не користете ќебе за затоплување за транспорт или
пренесување на пациентот.
ВНИМАНИЕ: За да се намали ризикот од
вкрстена контаминација:
• Ова ќебе за затоплување не е стерилно и е наменето за
употреба САМО за еден пациент. Поставувањето чаршаф
помеѓу ќебето за затоплување и пациентот не спречува
контаминација на производот.
ВНИМАНИЕ: За да се намали ризикот од пожар:
• Овој производ е класифициран со нормална запаливост
од класа I, како што е дефинирано во Регулативата за
запаливи ткаенини на Комисијата за безбедност на
потрошувачите на производи, 16 CFR 1610. Следете ги
стандардните безбедносни протоколи кога користите
извори на топлина со висок интензитет.
ВНИМАНИЕ: За да се намали ризикот од термичка повреда:
• Не користете го ако надворешното пакување е претходно
отворено или оштетено.
ВНИМАНИЕ: За да се намали ризикот од термичка повреда,
хипертермија или хипотермија:
• 3М препорачува континуирано следење на
температурата на центарот. Во отсуство на континуирано
следење, минимум на секои 15 минути или според
институционалниот протокол следете ја температурата
на пациентите кои не се способни да реагираат,
комуницираат и/или кои не чувствуваат температура.
• Минимум на секои 15 минути или според
институционалниот протокол следете ја температурата
на пациентите кои не се способни да реагираат,
комуницираат и/или кои не чувствуваат температура.
• Прилагодете ја температурата на воздухот или прекинете
ја терапијата кога ќе се постигне терапевтската цел, кога
се евидентирани покачени температури или ако има
негативна кожна реакција во областа што се затоплува.
42
Упатства за употреба
1. Отворете го и раздиплете го ќебето за затоплување за да ја
најдете белата етикета на производот. Раздиплете го ќебето
така што етикетата на производот е свртена кон пациентот.
2. Поставете го ќебето за затоплување на површината на
подножјето на пациентот или на површината на склопот
со завој. Користејќи ја лепливата лента на долната страна
од ќебето, прицврстете го ќебето за масата за да спречите
лизгање (слика A).
3. Ставете го ќебето за затоплување помеѓу подножјето на
пациентот (
) и горниот дел за бутот на пациентот ( ) преку
рамката до долната страна на рамката на масата за спинална
хирургија (Слика B). Раздиплете го ќебето од под подлогата
за горниот дел за бутот на пациентот ( ), подлогата за
горниот дел на колкот ( ), подлогата за градите ( ), и под
плочката за држење на главата на пациентот ( )
4. Повлечете го крајот на ќебето за затоплување до крајот на
масата за спинална хирургија и зацврстете го до крајот на
на масата со помош на ленти за врзување што се наоѓаат на
крајот на ќебето (Слика B).
5. Отворете ги четирите перфорации на двете страни на
ќебето за затоплување и поставете го ќебето околу рабовите
намасата за спинална хирургија (слика C).
6. Пред да се постави пациентот, повлечете ги лентите за
врзување преку горниот дел на масата за спинална хирургија
и околу секоја страна на подлогата за гради на пациентот
(слика D, опција 1) или директно на рамката (слика D,
опција 2).
7. Перниците и другите модалитети за позиционирање што се
користат за долните екстремитети треба да бидат поставени
под ќебето.
8. Опционално: Искинете го кружниот дел (лицето) кај главата
на ќебето за затоплување за да ги визуелизирате очите на
пациентот и дишните патишта од под масата (слика E).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако се користи уред за прицврстување
(т.е. сигурносни каиши, лента), проверете дали не се
попречени каналите за затоплување.
9. Вметнете го крајот на цревото на уредот за затоплување
Bair Hugger во отворот за црево (Слики F и G). Завртете
за да прицврстите. Околу средниот дел на крајот на
цревото има визуелна ознака за да ја води длабочината на
вметнување на цревото. Држете го цревото за да обезбедите
сигурно прицврстување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не третирајте пациенти само со цревото
на уредот за затоплување Bair Hugger. Секогаш закачувајте
го цревото на ќебе за затоплување Bair Hugger пред да
почнете со терапијата.
10. Изберете ја саканата температура на уредот за затоплување
за да почнете со терапевтско затоплување. (Погледнете
во Упатство за операторот за вашиот модел на уред
за затоплување)
ВНИМАНИЕ: Препораки за следење на пациентите:
• 3М препорачува континуирано следење на
температурата на центарот. Во отсуство на континуирано
следење, минимум на секои 15 минути или според
институционалниот протокол следете ја температурата
на пациентите кои не се способни да реагираат,
комуницираат и/или кои не чувствуваат температура.
• Минимум на секои 15 минути или според
институционалниот протокол следете ја температурата
на пациентите кои не се способни да реагираат,
комуницираат и/или кои не чувствуваат температура.
• Прилагодете ја температурата на воздухот или прекинете
ја терапијата кога ќе се постигне терапевтската цел, кога
се евидентирани покачени температури или ако има
негативна кожна реакција во областа што се затоплува.
11. Врз основа на моделот на уредот за затоплување, исклучете
го уредот или ставете го во режим на подготвеност за да
прекинете со терапевтското затоплување. Извадете го
цревото на уредот за затоплување од ќебето за затоплување
и фрлете го ќебето според прописите на болницата.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents