CYBEX SOLUTION B2-FIX+ User Manual page 96

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 7
8. Бидете сигурни дека седиштето е добро прицврстено, обидувајќи
се да го извлечете од точките за закотвување ISOFIX (m). Зелените
сигурносни показатели (l) мора да бидат јасно видливи на двете страни
на седиштето.
9. Ако седиштето се употребува без ISOFIX-Connect, може да се остави во
долниот дел на седиштето.
Кога користите ISOFIX-Connect, се создава врска со возилото што ја
��
зголемува безбедноста на детето. Детето сепак треба да се врзе со
каишот со три точки за фиксирање на возилото.
Ако линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) претставува
��
пречка за вратата на автомобилот или ако влијае врз просторот на
патничкото седиште, можете да ја отстраните така што ќе го притиснете
горниот и долниот дел на елементот и ќе го извлечете од лежиштето
на школката на седиштето за автомобил. За да ја вратите L.S.P. на
седиштето, прицврстете ја на означената област на страничниот дел на
седиштето, лизгајте ја благо надолу и истовремено туркајте ја за да се
зацврсти во лежиштето.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ОД ВОЗИЛОТО
Извршете ги чекорите за монтажа по обратен редослед.
1. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX-Connect (i) на двете
страни туркајќи ги копчињата за (k) и истовремено влечејќи ги наназад.
2. Извлечете го седиштето од точките за закотвување ISOFIX (m).
3. Отстранете го детското седиште и складирајте го ISOFIX-Connect по
спротивен редослед на чекорите за монтирање.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА
Наслонот за глава (c) може да се приспособи со помош на рачката за
приспособување на висината на наслонот за глава (d) што се наоѓа во
MK
задниот дел на наслонот за глава (c). Приспособете го наслонот за глава
(c) така што максималното растојание меѓу рамениците на детето и
наслонот за глава да не биде поголемо од 2 см (приближно 2 прста) (c).
Висината на наслонот за глава може да се приспособи додека
��
седиштето се монтира во автомобилот.
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО
1. Насочете го каишот на седиштето на возилото околу детето и внесете го
јазичето на каишот во закопчувалката. Мора да го закопчате добро и да
го слушнете карактеристичниот звук.
94
2. Поставете го скутниот каиш во црвените водилки на скутен каиш (f) на
детското седиште.
3. Повлечете го каишот за рамо за да го притегнете скутниот каиш.
4. На страната на седиштето за автомобил што се наоѓа до
закопчувалката, каишот за рамо и скутниот каиш мора да се внесат
заедно во водилката на скутниот каиш (f).
5. Влечете го каишот за рамо низ водилката на каишот за рамо (g) сè
додека не влезе во водилката на каишот.
6. Бидете сигурни дека каишот за рамо минува преку клучната коска на
детето и не го допира неговиот врат. Ако е потребно, приспособете
ја висината на наслонот за глава (c) за да ја измените позицијата на
каишот.
ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА НАВЛАКАТА
НА СЕДИШТЕ
Навлаката на детското седиште се состои од три дела (наслон за глава,
наслон за грб и перниче). Тие се прицврстени заедно на неколку места со
дрикер-копче. Штом ќе ги откопчате сите дрикер-копчиња, ќе може да ги
отстраните поединечните делови на навлаката.
За да ги поставите повторно навлаките на седиштето, следете ги
упатствата за отстранување по обратен редослед.
Навлаката може да се пере само на температура од 30°C, на програма
��
за благо перење, бидејќи во спротивно може да се јави бледнеење
на материјалот на навлаката. Перете ја навлаката одделно од друга
облека и не сушете ја во машина за сушење алишта или на директна
сончева светлина!
ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ И РЕГУЛАТИВИ ЗА
ОТСТРАНУВАЊЕ ВО ОТПАД
CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој
производ ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во
која производот му беше продаден на клиентот од застапник или во
малопродажба. Содржината на гаранцијата и сите основни информации
потребни за потврдување на гаранцијата може да се најдат на нашата
почетна страница: go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-seats.
Ако гаранцијата е прикажана во описот на производот, тоа нема да влијае
врз вашите законски права кон нас во поглед на дефекти.
Почитувајте ги регулативите за отстранување во отпад во вашата земја.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents