Koncar SE 5040/BH0 Operating And Installation Instructions page 59

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 61
Шпоретите со ознака SE 5040 се за приклучок на трофазна електрична инсталација
(слика 13) , а можно е приклучување на двофазна (слика 12) и монофазна (слика 11)
електрична инсталација, со ограничена употреба на сите трошила на шпоретот (грејни
плочи или зони и рерната) истовремено. Шпоретите нема приклучен вод.
За приклучување на шпоретот на електрична инсталација мора да се користи изолиран
вод (кабел) од типот H05RR– F со заштитен жолто-зелен спроводник, со должина од
приближно 1,5 m.
Шпоретот се приклучува на прописно инсталирана ѕидна приклучница со контакт за
заземјување со сопствен струен круг и осигурувач од 16 A. Ѕидната приклучница мора да
биде лесно достапна (поради прописот за можност на одвојување на сите полови од
електричната инсталација) и не смее да биде изложена на топлинско зрачење. Не смее
да се наоѓа непосредно позади шпоретот, а приклучниот вод не смее да дојде во контакт
со задната страна на шпоретот. Електричниот приклучок требе да биде траен ( а не со
помош на приклучок и приклучница), преку склопка за одвојување на сите полови од
цврстата електрична инсталација према националните прописи за изведба на
инсталации со соодветен напон.
ПОСТАПКА НА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ШПОРЕТОТ:
За да го приклучите шпоретот , НЕ Е ПОТРЕБНО да ја извадите задната страна на
шпоретот.
Со шрафцигер, од двете страни , ослободете ја поклопката на приклучната кутија, за
да Ви бидат достапни приклучните стегачи.
Приклучниот кабел ЗАДОЛЖИТЕЛНО водете го низ уредот за растоварување, кој е
составен дел на приклучната кутија и го штити кабелот од извлекување
Приклучете го кабелот на стегачите според еден од начините прикажани на сликите
11, 12 или 13, при што требе да водите сметка дека е, зависно од начинот на
приклучување , потребно да се постават спојни мостови.
Уредот за растоварување на кабелот заштрафете го цврсто и затворете ја
поклопката на приклучната кутија.
ВНИМАНИЕ !
Шпоретот задолжително мора да биде заземјен !
Произведувачот не превзема никаква одговорност за повреди или
оштетувања предизвикани поради непридржување кон ова
упатство.
Електричната сигурност на шпоретот е загарантирана едино ако е
истиот исправно споен на исправна електрична инсталација со
заземјување.
MK
59
ел.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Se 5040 k.bh0Se 5013 p.bh0Se 5022 p.bh0

Table of Contents