ПОЧИТУВАНИ КУПУВАЧИ, ви благодариме на довербата што ни ја укажавте при
купувањето на нашиот производ. По примање на апаратот, распакувајте го,
амбалажните материјали (пластичната фолија, стиропорот, дрвото...) отстранете
ги вон дофат на децата за да не се повредат (да не ги голтнат помалите делови или
да не се задушат со пластичната фолија). Проверете дали апаратот сте го примиле
неоштетен. Евентуалните оштетувања на апаратот настанати за време на транспортот
пријавете ги веднаш кај продавачот.
Ве молиме да ги прочитате овие „Упатства за употреба„ затоа што на тој начин ќе ги
одбегнете грешките, ќе ја зголемите трајноста на апаратот, а ќе заштедите енергија и
пари.
Во упатствата за употреба се опишани различни типови на шпорети кои меѓусебе се
разликуваат по опременоста и начинот на работа, те поради тоа се вклучени некои
поглавја кои не се однесуваат на вашиот апарат.
ЗАШТИТА НА ОКОЛИНА
Попратната документација на овој апарат, ипсечатена е на хартија избелена без хлор
или на рециклирана хартија како би се унапредила заштитата на околината.
Амбалажата е изработена на начин да не и штети на околината; амбалажниот
материјал е еколошки и може да се обновува т.е. рециклира. Со рециклирање на
амбалажата се штедат суровините и се намалува количината на индустрискиот и
куќниот отпад.
ОТФРЛАЊЕ НА АПАРАТОТ: Овие производи се развиени и
произведени со употреба на квалитетни материјали и компоненти кои
можат да се рециклираат и повторно да се искористат. Симболот на
левата страна означува дека електричните и електронските апарати на
крајот на нивниот век на траење не смеат да се фрлаат заедно со куќниот
отпад. Ве молиме овој апарат да го предадете на локалната фирма која се
занимава со згрижување на отпад или да го однесете во рециклажно
собиралиште. Помогнете ни во сочувувањето на околината во која
живееме !
ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА СИГУРНО КОРИСТЕЊЕ НА
• Овој апарат можат да го употребуваат деца на возраст од 8
години и постари, како и лица со намалени физички,
емоционални или душевни способности или со недостатокот на
искуство или знаења, ако добијат надзор или упатството за
употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат
вклучените опасности. Децата не смеат да се играат со
апаратот. Чистењето и корисничкото одржување не смеат да го
извршуваат деца без надзор.
• Шпоретот може да биде приклучен на електрична инсталација,
во склад со важечките законски прописи, само од овластено и
стручно оспособено лице. Нестручно приклучување и поправки
можат да причинат електричен удар и телесни повреди.
MK
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
ШПОРЕТОТ !
44