Koncar SE 5040/BH0 Operating And Installation Instructions page 52

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 61
Дршка за одбирање на начинот
Функција на долен – горен грејач (статично печење)
Ваквиот начин на печење се нарекува традиционален, што значи топлината рамномерно
се шири низ рерната од долните и горните грејни елементи со што се обезбедува
еднакво печење на долната и горната површина на храната.
Се препорачува претходно загревање на рерната во траење од 10 минути. Храната,
претходно ставена во соодветен сад, оставете ја да се печи толку долго колку што е
препорачано. Функцијата долен-горен грејач се препорачува за подготовка на дивеч,
пилешко, печење на леб и бисквитни торти.
Дршката за избор на начин на работа на рерната се става на симболот
за одбирање на температурата на саканата температура.
- Pерната предходно се загрева на температура на која треба да се пече јадењето.
Температурата е постигната кога црвеното сигнално светло три пати ќе се угаси.
Температурата од таблицата 3 може во пракса донекаде да одстапува.
- Колачите се печат во калапи за печење или во емајлирани тави за собирање маснотии
исклучок се кексите (бисквитите) и чајното пециво, кои се печат во ниски емајлирани
тави. При печење со греење одоздола и одозгора многу е важно од кој материјал се
изработени калапите и тавите. Калапите од црн лим најбрзо ја прифаќаат топлината и ја
пренесуваат на тестото па поради тоа е потребно пократко време на печење. Калапите
од бел лим ја рефлектираат топлината па колачите во такви калапи се печат подолго.
- припременото месо се пече на решетка или се става директно во тава за собирање
маснотии. Потребно е за време на печењето месото да се превртува и мачка.
- искористете ја постоечката топлина: околу 5-10 минути пред крај на печењето
исклучете ја рерната.
Таблица 3 : Класичен начин на печење
Вид на храна
Мермерен колач
Леб
Колач со суво грозје
Бисквит
на работата на рерната
Водилки
2
2
2
3
MK
Дршка за одбирање температура
Температура
°C
170
190
180
170
52
Слика 6
, а дршката
Време на печење
min
35
60
45-50
25

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Se 5040 k.bh0Se 5013 p.bh0Se 5022 p.bh0

Table of Contents