Makita EY2650H Original Instruction Manual page 144

Hide thumbs Also See for EY2650H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чистење  на  отворот  за  полнење  масло  за  синџирот
Секојдневно  чистете  го  отворот  за  полнење  масло  за  синџирот  (A).  За  да  
пристапите  до  него,  извадете  ги  држачот  на  лентата  и  лентата  за  водење.
Чистење  и  проверка  на  лентата  за  водење  
Секојдневно  чистете  ја  лентата  за  водење.  Отстранете  ја  прашината  од  
сечењето  од  жлебот  (A)  и  од  отворот  за  полнење  масло  за  синџирот  (B).
За  да  избегнете  еднострано  абење  на  лентата  за  водење,  превртувајте  ја  
секој  пат  кога  го  заменувате  или  острите  синџирот  на  пилата.
Ако  жлебот  е  изабен,  свиткан,  напукнат  или  деформиран,  заменете  ја  
лентата  за  водење.
Проверка  на  синџирот  на  пилата
Кога  чувствувате  дека  синџирот  на  пилата  е  изабен,  деформиран,  
напукнат,  или  потребен  е  поголем  напор  за  сечењето,  нарачајте  негово  
острење  во  овластен  сервисен  центар  на  Makita.
Подмачкување  на  подвижните  делови  
ИЗВЕСТУВАЊЕ:     Следете  го  упатството  за  фреквентноста  и  колочината  
на  маст  за  подмачкување  што  треба  да  се  додава.  Во  
спротивно,  недоволното  подмачкување  може  да  доведе  
до  оштетување  на  подвижните  делови.
Куќиште  на  преносниот  систем:
Отстранете  ја  заптивката  за  маст  (A)  и  додавајте  маст  на  литиумска  база  
низ  дупчето  за  маст  (B)  секои  25  часа  работа.
Клун  на  лентата  за  водење:
Додавајте  маст  (Shell   A lvania  бр.  2  или  еквивалентна)  низ  дупчето  за  маст  
(C)  секои  10  часа  работа.
ЗАМЕНА НА МОТОРНО МАСЛО
Маслото  со  опаднат  квалитет  во  голема  мера  ќе  го  скрати  работниот  век  на  лизгачките  и  вртливите  делови.  Осигурете  се  да  го  
проверите  периодот  и  количината  на  замените.
ВНИМАНИЕ:     Вообичаено,  главниот  блок  на  моторот  и  моторното  масло  остануваат  жешки  откако  мотрот  ќе  запре.  При  
замена  на  масло,  уверете  се  дека  главниот  блок  на  моторот  и  моторното  масло  се  доволно  изладени.  Во  
спротивно,  може  да  има  ризик  од  изгореници.
Напомена:  Ако  маслото  е  наполнето  над  границата,  маслото  може  да  се  загади  или  може  да  се  запали  и  да  гори  со  бел  чад.
Временски  интервал  на  замена:  Првично,  по  20  работни  часа,  а  потоа,  на  секои  50  работни  часа
Препорачано  масло:    
При  заменувањето,  извршете  ја  следнава  постапка.
1)   Уверете  се  дека  капачето  на  резервоарот  за  гориво  (A)  е  добро  
стегнато.  
2)   Поставете  голем  сад  (тенџере  или  сл.)  под  дупчето  за  испуштање  (C).
3)   Извадете  ја  завртката  за  испуштање  (E)  и  потоа  извадете  го  капачето  
за  масло  (B)  за  да  го  испуштите  маслото  преку  дупчето  за  испуштање.
Во  овој  момент,  внимавајте  да  не  го  загубите  дихтунгот  на  завртката  за  
испуштање  (D)  или  да  не  извалкате  некој  од  извадените  компоненти.
4)   Штом  маслото  ќе  се  испушти,  спојте  ги  дихтунгот  и  завртката  за  
испуштање,  и  цврсто  стегнете  ја  завртката  за  испуштање  така  што  да  
не  се  олабави  и  да  предизвика  истекувања.
 
*     Употребете  крпа  за  целосно  да  го  избришите  сето  масло  залепено  на  
завртката  и  на  опремата.
  Масло  SAE10W-­30  од  класификација   A PI,  класа  SF  или  повисока  (моторно  масло  за  4-­тактен  
автомобилски  мотор)
A
144
A
A
B
B
A
B
C
B
B
C
D
E

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ey2650h25h

Table of Contents