Работа; Упатства За Сервисирање - Makita EY2650H Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EY2650H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
РАБОТА
Положба  за  стоење
•  
Стојте  на  стабилна  површина.  Прилагодете  се  така  што  аголот  на  пилата  
на  рачка  во  однос  на  земјата  да  биде  60°.
•  
Прво  пресечете  ги  долните  гранки  за  да  паднат  полесно.  
•  
Секогаш  предвидувајте  патека  за  бегање  во  случај  пресечена  гранка  да  
падне  кон  операторот.
Метод  
•  
Стартувајте  го  моторот  и  повлечете  ја  рачката  на  гасот  додека  синџирот  
на  пилата  не  достигне  полна  брзина.  
•  
Притиснете  го  нежно  синџирот  на  пилата  врз  гранката.  Не  употребувајте  
прекумерна  сила  на  опремата,  во  спротивно,  таа  може  да  се  оштети.
•  
Никогаш  не  користете  го  врвот  на  лентата  за  сечење.  Во  спротивно,  
може  да  настане  опасен  повратен  удар  и  да  резултира  со  телесна  
повреда.
Совети  за  сечење  дебела  гранка
Кога  сечите  дебела  гранка,  користете  го  следниов  метод.  
1.     Направете  мал  засек  на  долната  страна  од  гранката  малку  подалеку  
од  местото  каде  што  планирате  да  ја  сечите.  
2.     Сечете  ја  гранката  од  горната  страна  каде  што  сте  го  направиле  
засекот.  
3.     Направете  уште  еден  мал  засек  на  долната  страна  од  гранката  малку  
каде  што  планирате  да  ја  сечите.  
4.     Сечете  на  предвиденото  место  од  горната  страна.
УПАТСТВА ЗА СЕРВИСИРАЊЕ
ВНИМАНИЕ:     Пред  изведување  каква  било  работа  врз  опремата,  секогаш  исклучувајте  го  моторот  и  откачувајте  го  капачето  на  
свеќичката  (видете  го  делот  „проверка  на  свеќичката").
Секогаш  носете  заштитни  ракавици!  
Кога  ја  проверувате  или  одржувате  опремата,  секогаш  оставајте  ја  на  површина  или  на  земја.  Склопувањето  или  
прилагодувањето  на  опремата  во  исправена  положба  може  да  резултира  со  тешка  повреда.
Секогаш  поставувајте  го  капакот  на  лентата  за  водење  кога  извршувате  сервисирање.
За  да  осигурате  долготраен  работен  век  и  за  да  избегнете  оштетување  на  опремата,  следниве  сервисни  операции  треба  да  се  
изведуваат  на  редовни  временски  интервали.
Секојдневни  проверки  и  одржување
-
Пред  да  започнете  со  работа,  проверете  дали  на  машината  има  олабавени  завртки  или  делови  што  недостигаат.  Обрнете  особено  
внимание  назначениот  додаток  да  биде  цврсто  монтиран  на  место.
-
Пред  да  започнете  со  работа,  секогаш  проверувајте  дали  има  затнување  во  каналот  за  воздушно  ладење  и  во  перките  на  
цилиндарот.
Исчистете  ги  ако  е  потребно.
-
Следниве  работи  извршувајте  ги  секојдневно  по  употребата:
•   Исчистете  ја  надворешноста  на  опремата  и  проверете  дали  има  оштетувања.
•   Исчистете  го  филтерот  за  воздух.  Кога  работите  во  многу  прашливи  услови,  чистете  го  филтерот  неколку  пати  на  ден.
•   Проверете  дали  има  доволна  разлика  помеѓу  празен  од  и  брзина  за  да  се  осигурате  дека  додатокот  е  запрен  додека  моторот  
работи  во  празен  од  (ако  е  потребно,  намалете  ја  брзината  во  празен  од).
Ако  алатот  и  при  празен  од  и  натаму  работи,  побарајте  помош  од  најблискиот  овластен  сервисен  агент.
-
Проверете  дали  функционираат  прекинувачот  I-­O,  рачката  за  блокирање  и  контролната  рачка.
143
2
4
1
3

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ey2650h25h

Table of Contents