Безбедносни Упатства - Makita EY2650H Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EY2650H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Општи  упатства
-
За  да  се  осигура  правилна  работа,  корисникот  мора  да  го  прочита  ова  
упатство  за  да  се  запознае  со  ракувањето  со  опремата.  Недоволно  
информираните  корисници  ризикуваат  да  се  доведат  себе  си  и  другите  
во  опасност  заради  неправилно  ракување.
-
Се  препорачува  да  ја  позајмувате  опремата  само  на  луѓе  кои  имаат  
докажано  искуство  со  опремата.
Секогаш  предавајте  го  упатството  за  користење.
-
Почетниците  треба  да  побараат  од  продавачот  основни  упатства  за  да  
се  запознаат  со  ракувањето  со  пила  на  моторен  погон.
-
Децата  и  младите  лица  под  18-­годишна  ворзаст  не  смеат  да  ракуваат  со  
опремата.  Лицата  над  16-­годишна  возраст  може  да  го  користат  овој  уред  
заради  обука  само  под  надзор  на  стручно  лице.
-
Користете  ја  опремата  со  многу  големо  внимание  и  грижа.
-
Работете  со  опремата  само  ако  сте  во  добра  физичка  состојба.  Сите  
работи  изведувајте  ги  смирено  и  внимателно.  Корисникот  мора  да  ја  
прифати  одговорноста  за  другите  луѓе.
-
Никогаш  не  користете  ја  опремата  по  конзумирање  алкохол  или  
наркотични  средства,  или  ако  се  чувствувате  уморни  или  болни.
-
Никогаш  не  обидувајте  се  да  ја  модификувате  опремата.
-
Државните  регулативи  може  да  ја  ограничуваат  употребата  на  опремата.  
Следете  ги  регулативите  за  ракување  со  пили  на  рачка  и  синџирни  пили  
во  вашата  држава.
Намена  на  машината
Оваа  опрема  е  дизајнирана  само  со  намена  за  отсекување  гранки  и  
израстоци  помали  од  15  цм  во  дијаметар.  Никогаш  не  користете  ја  
опремата  за  друга  намена.  Злоупотребувањето  на  опремата  може  да  
предизвика  тешка  повреда.
Опрема  за  лична  заштита
-
Облеката  што  се  носи  треба  да  биде  функционална  и  адекватна,  т.е.  
треба  тесно  да  прилега,  но  да  не  предизвикува  нефлексибилност  на  
телото.  Немојте  да  носите  накит  или  облека  што  може  да  се  заплетка  во  
грмушки  или  џбунови.
-
За  да  избегнете  повреди  на  главата,  очите,  рацете  или  стапалата,  како  
и  за  да  го  заштитите  својот  слух,  за  време  на  работењето,  мора  да  се  
користи  следнава  заштита  опрема  и  заштитна  облека.
-
Секаде  каде  што  има  ризик  од  разлетани  предмети,  носете  заштитен  
шлем.  Заштитниот  шлем  (1)  треба  да  се  проверува  на  редовни  
временски  интервали  дали  има  оштетувања  и  треба  да  се  замени  
најдоцна  по  5  години.  Користете  само  одобрени  заштитни  шлемови.  
-
Штитникот  (2)  на  шлемот  (или  алтернативно,  заштитните  очила)  го  
штити  лицето  од  разлетани  отпадни  материјали  и  камчиња.  За  време  на  
работењето,  секогаш  носете  заштитни  очила  или  маска  за  да  спречите  
повреда  на  очите.
-
Носете  адекватна  опрема  за  заштита  од  бучава  за  да  избегнете  
оштетување  на  слухот  (ушници  (3),  тампони  за  уши  итн).
-
Работното  одело  (4)  штити  од  разлетани  камења  и  отпадоци.
Ние  цврсто  препорачуваме  корисникот  да  носи  работно  одело.
-
Специјалните  ракавици  (5)  направени  од  дебела  кожа  се  дел  од  
пропишаната  опрема  и  мора  секогаш  да  се  носат  за  време  на  работата.
-
Кога  ја  користите  опремата,  секогаш  носете  цврсти  обувки  (6)  со  ѓонови  
што  не  се  лизгаат.  Со  нив  се  обезбедува  заштита  од  повреди  и  се  
обезбедува  стабилна  потпора  со  стапалата.
-
Кога  ракувате  со  синџирната  пила  или  кога  ја  прилагодувате  
затегнатоста  на  синџирот,  носете  заштитни  ракавици.  Синџирната  пила  
може  многу  сериозно  да  ги  пресече  голите  раце.
128

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ey2650h25h

Table of Contents