Makita EY2650H Original Instruction Manual page 132

Hide thumbs Also See for EY2650H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Упатства  за  одржување
-
Секогаш  сервисирајте  ја  вашата  опрема  во  овластен  сервисен  центар  и  
користете  само  оригинални  резервни  делови.  Неправилната  поправка  и  
лошото  одржување  може  да  го  скратат  работниот  век  на  опремата  и  да  
го  зголемат  ризикот  од  незгоди.
-
Пред  изведување  какви  било  работи  за  одржување  или  поправки,  или  
пред  чистење  на  опремата,  секогаш  исклучувајте  го  моторот  и  вадете  го  
капачето  на  свеќичката.  Почекајте  додека  не  се  олади  моторот.
-
За  да  го  намалите  ризикот  од  пожар,  никогаш  не  сервисирајте  ја  и  не  
складирајте  ја  опремата  во  близина  на  оган.
-
Секогаш  носете  заштитни  ракавици  кога  ракувате  со  синџирот  на  пилата.
-
Секогаш  чистете  ги  прашината  и  нечистотиите  од  опремата.  За  чистење,  
никогаш  не  користете  нафта,  бензин,  разредувач,  алкохол  или  слично.  
Може  да  дојде  до  промена  на  бојата,  деформација  или  пукнатини  во  
пластичните  компоненти.
-
По  секоја  употреба,  стегнувајте  ги  сите  завртки  и  навртки,  особено  
завртките  за  прилагодување.
-
Одржувајте  со  синџирот  на  пилата  остар.  Ако  синџирот  на  пилата  се  
истапи  и  сечењето  не  се  изведува  добро,  побарајте  острење  од  страна  
на  овластен  сервисен  центар  на  Makita  или  негова  замена  со  нов.
-
Не  обидувајте  се  да  извршувате  какво  било  одржување  или  поправки  
што  не  се  опишани  во  ова  упатство  за  користење.  За  таква  работа,  
побарајте  помош  од  овластен  сервисен  центар  на  Makita.
-
Чистете  ја  опремата  на  редовни  временски  интервали  и  проверувајте  
дали  сите  завртки  и  навртки  се  добро  стегнати.
-
Секогаш  чувајте  ја  опремата  во  заклучени  простории  и  со  празен  
резервоар  за  гориво.
Складирање
-
Пред  складирање  на  опремата,  извршете  целосно  чистење  и  
одржување.  Поставете  го  капакот  на  лентата  за  водење.  Извадете  го  
капачето  на  свеќичката.  Испуштете  ги  горивото  и  маслото  за  синџирот  
откако  моторот  ќе  се  олади.
-
Складирајте  ја  опремата  на  суво,  високо  или  заклучено  место  вон  дофат  
на  децата.
-
Не  потпирајте  ја  опремата  на  ништо,  как  на  пример  ѕид.  Во  спротивно,  
може  да  падне  ненадејно  и  да  предизвика  повреда.
Следете  ги  релевантните  упатства  за  спречување  незгоди  издадени  од  релевантните  трговски  асоцијации  и  компаниите  за  
осигурување.
Не  извршувајте  никакви  модификации  на  опремата  бидејќи  со  тоа  ќе  ја  загрозите  вашата  безбедност.
Изведувањето  работи  за  одржување  или  поправка  од  страна  на  корисникот  е  ограничено  на  оние  активности  како  што  е  опишано  во  
упатството.  Сите  преостанати  работи  треба  да  бидат  изведени  од  страна  на  овластен  сервисен  центар.  Користете  само  оригинални  
резервни  делови  и  прибор  издадени  и  испорачани  од  MAKITA.
Употребата  на  неодобрени  додатоции  алати  значи  зголемен  ризик  од  незгоди.
MAKITA  нема  да  прифати  никаква  одговорност  за  незгоди  или  штета  предизвикани  заради  користење  неодобрени  додатоци  за  сечење  
и  уреди  за  прицврстување  додатоци  за  сечење,  или  прибор.
Прва  помош
За  во  случај  на  незгода,  секогаш  имајте  прибор  за  прва  помош  достапен  во  
близина  на  местото  каде  што  се  изведува  сечењето.  Веднаш  заменете  го  
секој  дел  озваден  од  приборот  за  прва  помош.
Кога  барате  помош,  ве  молиме  дајте  ги  следниве  
информации:
-
Место  каде  се  случила  незгодата
-
Што  се  случило
-
Колку  лица  се  повредени
-
Каков  е  видот  на  повредите
-
Вашето  име
Вибрации
-
Лицата  со  слаба  циркулација  што  се  изложени  на  прекумерни  вибрации,  можат  да  се  здобијат  со  повреди  на  крвните  садови  и  
на  нервниот  систем.  Вибрациите  можат  да  ги  предизвикаат  следниве  симптоми  на  прстите,  рацете  или  зглобовите:  „Заспивање"  
(отрпнување),  треперење,  болка,  чувство  на  бодежи,  менување  на  бојата  на  кожата  или  на  кожата.  Ако  настане  кој  било  од  овие  
симптоми,  побарајте  помош  од  лекар!
-
За  да  го  намалите  ризикот  од  „болест  на  бел  прст",  држете  ги  рацете  топли  за  време  на  работата  и  добро  одржувајте  ги  опремата  и  
приборот.
132

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ey2650h25h

Table of Contents