Makita EY2650H Original Instruction Manual page 131

Hide thumbs Also See for EY2650H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
-
Внимавајте  на  животната  средина.  Избегнувајте  непотребно  работење  со  
копчето  за  гасот  за  намалување  на  загадувањето  и  бучавата.  Правилно  
прилагодете  го  карбураторот.
-
За  време  на  работата,  не  поставувајте  ја  загреаната  опрема  врз  сува  
трева  или  запаливи  материјали.
-
Не  држете  ја  вашата  десна  рака  над  висината  на  рамото.
-
За  време  на  работата,  никогаш  не  удирајте  ја  синџирната  пила  во  тврди  
пречки,  како  камења  или  шајки.  Обрнете  особено  внимание  кога  сечете  
гранки  во  непосредна  близина  на  ѕидови,  жичени  огради  или  сл.
-
Ако  во  синџирот  на  пилата  се  заглават  гранки,  секогаш  исклучувајте  го  
моторот  и  вадете  го  капачето  не  свеќичката.  Во  спротивно,  ненамерното  
стартување  може  да  предизвика  тешка  повреда.
-
Ако  синџирот  на  пилата  се  заглави  или  замасти,  исклучувајте  го  моторот  
и  вадете  го  капачето  не  свеќичката  пред  да  го  исчистите.
-
Ако  моторот  се  забрзува  додека  синџирот  на  пилата  е  блокиран,  ќе  се  
зголеми  оптоварувањето  и  ќе  ги  оштети  моторот  и/или  квачилото.
-
Пред  да  сечете  израстоци,  предвидете  област  за  багање  подалеку  од  
израстокот  што  паѓа.  Прво,  отстранете  ги  пречките,  како  израстоци  и  
гранки,  од  работната  област.  Преместете  ги  сите  алати  и  ствари  од  
областа  за  бегање  на  друго  безбедно  место.
-
Пред  да  сечете  гранки  и  израстоци,  проверете  ја  насоката  на  нивно  
паѓање,  имајќи  ги  предвид  условите  на  гранките  и  израстоците,  
соседните  дрвја,  насоката  на  ветрот  итн.  Обрнете  целосно  внимание  
на  насоката  на  паѓање  и  отскокнувањето  на  гранката  кога  ќе  удри  за  
земјата.
-
Никогаш  не  држете  ја  пилата  на  рачка  под  агол  поголем  од  60°.  Во  
спротивно,  предметите  кои  паѓаат  може  да  го  удрат  операторот  и  да  
предизвикаат  тешка  повреда.  Никогаш  не  стојте  под  израстокот  што  го  
сечете.
-
Обрнете  внимание  на  скршени  или  свиткани  гранки.  Тие  може  да  
отскокнат  наназад  при  сечењето  и  да  предизвикаат  неочекувана  
повреда.
-
Пред  да  ги  исечете  планираните  израстоци,  отстранете  ги  гранките  и  
лисјата  околу  нив.  Во  спротивно,  пилата  може  да  се  зафати  во  нив.
-
За  да  спречите  пилата  да  се  зафати  во  засекот,  не  отпуштајте  ја  рачката  
на  гасот  пред  да  ја  извлечете  пилата  од  засекот.
-
Ако  синџирот  на  пилата  се  заглави  во  засеког,  веднаш  исклучете  го  
моторот,  внимателно  поместете  ја  гранката  за  да  го  раширите  засекот  и  
ослободете  ја  пилата.
-
Избегнувајте  повратен  удар  (вртлива  реактивна  сила  кон  операторот).  За  
да  спречите  повратен  удар,  никогаш  не  користете  го  клунот  на  лентата  за  
водење  и  не  извршувајте  сечење  со  пенетрирање.  Секогаш  внимавајте  
на  положбата  на  клунот  на  лентата  за  водење.
-
Често  проверувајте  ја  затегнатоста  на  синџирот.  При  проверка  или  
прилагодување  на  затегнатоста  на  синџирот,  исклучете  го  моторот  и  
извадете  го  капачето  на  свеќичката.  Ако  затегнатоста  е  мала,  затегнете  
го.
-
Работете  со  опремата  со  што  е  можно  помала  бучава  и  загадување.  
Особено  проверувајте  го  правилното  нагодување  на  карбураторот.
-
Никогаш  не  стојте  на  скала  додека  работите  со  опремата.
-
Никогаш  не  качувајте  се  на  дрвја  за  да  сечете.
-
Почекајте  додека  синџирот  не  достигне  полна  работна  брзина  пред  да  
преминете  на  сечење.
-
Одмарајте  се  за  да  спречите  да  дојде  до  губење  на  контролата  заради  
замор.  Препорачуваме  да  правите  паузи  за  одмор  од  по  10  до  20  минути  
секој  час.
Транспортирање
-
Пред  транспортирање  на  опремата,  исклучете  го  моторот  и  извадете  го  
капачето  на  свеќичката.  
-
Секогаш  поставувајте  го  капакот  на  лентата  за  водење  за  време  на  
транспортот.
-
Секогаш  користете  ја  заштитата  за  алатот  вклучена  во  опремата.
-
Носете  ја  во  хоризнотална  положба  држејќи  ја  за  оската.  Држете  го  
жешкиот  издувник  настрана  од  вашето  тело.
-
Кога  ја  транспортирате  опремата  во  возило,  правилно  прицврстете  ја  за  
да  не  се  преврти.  Во  спротивно,  може  да  дојде  до  излевање  на  гориво  и  
оштетување  на  опремата  и  другиот  багаж.
-
Исклучете  го  моторот  за  време  на  транспортот.
-
Осигурете  се  дека  резервоарот  за  гориво  е  целосно  празен.
-
Кога  ја  растоварувате  опремата  од  камион,  никогаш  не  испуштајте  го  
моторот  на  земја  бидејќи  може  тешко  да  се  оштети  резервоарот  за  
гориво.
-
Запомнете  да  ја  подигнете  сета  опрема  од  земјата  пред  да  ја  
придвижите.  Многу  е  опасно  ако  се  влече  резервоарот  за  гориво  по  
земјата  и  тоа  може  да  предизвика  оштетување  и  протекување  на  гориво,  
можеби  и  пожар.
131

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ey2650h25h

Table of Contents