Мерки На Претпазливост За Транспорт (Само За Моделот Од Тип „Iii"); Помош И Поправка; Опсег На Гаранцијата - Stiga AM 98 Li 48 V1 Operator's Manual

Riding rotary lawn mower
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 247
11.1 МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА
ТРАНСПОРТ (САМО ЗА МОДЕЛОТ ОД ТИП
„III")
Доколку е неопходно да се подигне машината, за да
се избегне оштетување на системот за подигање,
следете ја опишаната секвенца:
1. поставете ја плочата со уредот со сечивото во
највисоката позиција;
2. одете со виљушкарот (сл. 30.D) само на
задната страна на машината;
3. наредете 3 парчиња дрво (L=1100 mm) како на
сл.30, во положбата A, B и C;
4. наредете 2 парчиња дрво (L=180 mm) како на
сл. 30, помеѓу плочата за сечење и рамката, во
положба Е;
5. подигнете ја машината.
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ако сметате дека не можете да извршите
преместување или транспорт во безбедни услови,
контактирајте го Центарот за помош.
12. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите неопходни
индикации за управување со машината и за
правилно одржување што ги извршува корисникот.
Сите интервенции за регулација и одржување
што не се опишани во ова упатство треба да ги
спроведе застапникот или специјализиран сервисен
центар бидејќи знаат како и ги имаат неопходните
инструменти со коишто работата ќе се заврши
правилно, земајќи го во предвид првобитниот степен
на безбедност и условите на машината.
Сите операции што се изведени на несоодветен
начин и од неквалификувани лица придонесуваат да
се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на
обврска на производителот.
• Само овластените сервиси за помош може да ги
извршуваат поправките и одржувањето што се под
гаранција.
• Овластените сервисни центри користат само
оригинални резервни делови. Оригиналните
резервни делови и дополнителна опрема се
специјално дизајнирани за машината.
• Резервни делови и дополнителна опрема што не
се оригинални и не се одобрени - употребата на
неоригинални резервни делови и дополнителна
опрема ја загрозува безбедноста на машината и
го ослободува производителот од сите обврски и
одговорности.
• Препорачуваме да ја однесете машината еднаш
годишно во овластен сервис за одржување, помош
и контрола на безбедносните уреди.
13. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Условите во гаранцијата се наменети исклучиво
за потрошувачи, односно оператори, а не
професионалци.
Гаранцијата ги покрива сите дефекти на квалитетот
на материјалите и на изработката коишто настанале
во текот на периодот на гаранцијата од страна на
давателот или од страна на специјализиран центар.
Примената на гаранцијата е ограничува на поправка
или замена на дефектниот дел.
Примената на гаранцијата зависи од редовното
одржување на машината.
Корисникот треба внимателно да ги следи
сите упатства кои се дадени до приложената
документација.
Гаранцијата не ги покрива штетите настанати кога:
• Не сте се запознале со приложената
документација (упатство за работа).
• Ја користите за професионални работи.
• Има невнимание, занемарување.
• Има надворешна причина (грмотевици, удари,
присуство на страни тела во внатрешноста на
машината) или инциденти.
• Употребата и монтирањето не се правилни и не ги
одобрил производителот.
• Има нередовно одржување.
• Машината е изменета.
• Се користат резервни делови коишто не се
оригинални (дополнителни делови).
• Се користи дополнителна опрема која не е
одобрена ниту доставена од производителот.
Гаранцијата не покрива и:
• Операции за редовно/вонредно одржување
(опишани во упатството за работа).
• Нормално абење на потрошните материјали како
што се уредот со сечивото, тркалата, светлата,
безбедносните навртки и кабли.
• Нормално абење.
• Естетско вложување на машината заради
употребата.
• Потпори на уредите со сечивото
• Дополнителни трошоци што може да повлече
активирање на гаранцијата, како што е пренос кај
корисникот, превоз на машината кај застапникот,
изнајмување на опрема за замена или повикување
на друга компанија за сите работи околу
одржувањето.
Корисникот е заштитен со соодветните државни
закони. Правата на купувачот кои се предвидени
во дадените државни закони на ниеден начин не ја
лимитираат оваа гаранција.
MK - 27

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Am 108 li 48 v2Am 125 li 48 v3

Table of Contents