Безбедносни Предупредувања За Тревокосачка Со Седнат Управувач; Обука; Воведни Операции; Во Текот На Работата - Stiga AM 98 Li 48 V1 Operator's Manual

Riding rotary lawn mower
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 247
6) Сервис
a) Машината треба да ја поправа
квалификувано лице со примена на
единствено оригинални резервни делови.
На тој начин се одржува безбедноста на
машината.
b) Не вршете поправки на батеријата.
Поправките мора да ги спроведува
производителот или специјализиран сервисен
центар.
3. БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ЗА ТРЕВОКОСАЧКА СО СЕДНАТ
УПРАВУВАЧ
3.1
ОБУКА
• Запознајте се со командите и правилното
користење на машината. Научете брзо да ја
запирате машината
• Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат
машината, или други лица што не се запознаени со
основните упатствата. Локалните законски прописи
ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
• Не пренесувајте деца или други патници
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен за
незгодите или опасноста по други лица или нивниот
имот. Во опсегот на одговорности на операторот
спаѓа и проценката на можните ризици на теренот
каде треба да се работи и затоа преземете ги сите
неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате
својата, но и безбедноста на другите особено
на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни
терени.
• Ова упатство е составен дел од машината, затоа
мора секогаш да се следи во случај на привремено
или дефинитивно пренесување на истата.
3.2
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон
против лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте
ја машината со боси нозе или отворени сандали.
Носете заштитни слушалки за слухот.
• Употребата на акустична заштита ја
намалува можноста да ги слушнете можните
предупредувања (повикување или аларми).
Обрнувајте исклучително внимание на она што се
случува околу областа за работа.
• Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни,
облека со лелеави делови или со врвки и врски
и слични додатоци што висат или се долги и би
можеле да се закачат за машината или за предмети
и материјали кои се производ на работата.
• Фатете ја косата доколку е долга.
Област за работа/машина
Проверете ја темелно целата површина за работа и
отстранете сè што би можело да биде исфрлено од
машината и да ги оштети уредот за сечење/ротирачки
делови (камења, гранки, железни остатоци, коски,
итн.).
3.3
ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Област за работа
• Не користете ја машината во средина каде постои
ризик од експлозија, во присуство на запаливи
материи, гасови или нечистотија. Електричните
контакти или механичките делови може да
генерираат искри кои може да ги запалат правот
или испарувањата.
• Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко осветление и при услови на добра
видливост.
• Оддалечете ги лицата, децата и животните од
областа за работа. Неопходно е децата да бидат
под надзор на друго возрасно лице.
• Избегнувајте да работите на мокра трева, кога врне
или има невреме, особено кога има можна појава
на грмотевици.
• Обрнете особено внимание на нерамнините на
теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени
опасности и на присуството на дадени опасности
коишто може да ја попречат видливоста.
• Обрнете особено внимание во присуство на
стрмнини, дупки или препреки. Машината може да
се преврти ако едното тркало поминува преку раб
или ако работ е закосен.
• Внимавајте на закосени терени каде треба особено
да внимавате за да избегнете превртување или
да не загубите контрола врз машината. Главните
причини за загуба на контролата се:
• Нема рамнотежа меѓу тркалата.
• Прекумерна брзина.
• Нагли промени на насоката.
• Несоодветна сопирање.
• Несоодветна употреба на машината.
• Не ги познавате ефектите коишто може да
произлезат од условите на теренот
MK - 5

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Am 108 li 48 v2Am 125 li 48 v3

Table of Contents