Одложување; Движење И Транспорт - Stiga AM 98 Li 48 V1 Operator's Manual

Riding rotary lawn mower
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 247
2. Поставете дрвена табла со дебелина приближно
2-3 cm (сл. 27.А) под спротивното предно тркало
(сл. 27.B) од она што треба да се замени, така
што тркалото што треба да се замени (сл. 27.C)
подигнете го само доволно за да можете удобно
да го извлечете.
3. Додека ја држите завртката (сл. 28.А), одвртете ја
навртката (сл. 28.B).
4. Отстранете ја завртката (сл. 28.А) со подметките
(сл. 28.C) и извадете го тркалото (сл. 28.D).
5. Поставете ја новата гума.
6. Внимателно наместете ја завртката и
подметките, а потоа целосно затегнете ја
навртката (сл. 28.B).
9.3.4
Замена на предните тркала (само за
модел од типот „III")
1. Вклучете го менувачот така што задните тркала
да се блокирани (пасус 6.3.1), со цел да се спречи
какво било случајно движење на машината;
2. Поставете дрвена табла со дебелина приближно
2-3 cm (сл. 27.А) под спротивното предно тркало
(сл. 27.B) од она што треба да се замени, така
што тркалото што треба да се замени (сл. 27.C)
се подигне доволно за да може лесно да го
извлечете.
3. Одвртете ја завртката (сл. 28.F) од страната M
на виљушката, а потоа завртката (сл. 28.I) од
страната L на виљушката.
4. Отстранете го лизгачот (сл. 28.G) и извадете го
тркалото (сл. 28.H).
5. Поставете ја новата гума.
6. Вметнете го лизгачот (сл. 28.G) внимавајќи
на правилната насока. Вметнете ја завртката
(сл. 28.I) од страната L на виљушката, потоа
завртката (сл. 28.F) од страната М на виљушката.
Целосно затегнете ги 2-те завртки.
9.3.5
Поправка и замена на пневматиците
Гумите се тубелес и затоа секоја замена или
поправка заради дупчење треба да се направи
кај специјализиран поправач на гуми согласно
предвидениот начин за тој тип на обложување.
10. ОДЛОЖУВАЊЕ
Кога машината треба да се одложи на период подолг
од 30 дена:
1. Извадете го клучот за палење.
2. Исчистете ја темелно машината.
3. Проверете дали на машината има оштетувања.
Ако е потребно, контактирајте со овластен
сервисен центар.
4. Одложете ја машината:
• со спуштена плоча со уредот со сечивото;
• со вклучен пренос;
• во сува просторија;
• заштитена од лоши временски услови, под сенка,
на препорачана температура помеѓу +0 и +40 °C;
• по можност покриена со прекривка;
• и на место надвор од дофатот на децата;
• уверувајќи дека сте ги тргнале клучевите и
опремата што ја користевте при одржувањето.
ВНИМАНИЕ
Потребно е целосно да ја полните батеријата најмалку
еднаш месечно и секогаш пред да продолжите со
активност.
Во моментот кога машината треба да се стави
во функција, поставете ја како што е посочено во
поглавјето „7. Употреба на машината".
11. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
• Кога ја транспортирате машината:
1. исклучете го уредот со сечивото;
2. поставете ја плочата со уредот со сечивото во
највисоката позиција;
3. изгасете ја машината и извадете го клучот за
палење;
4. исклучете го преносот (пасус 6.3).
• Кога ја носите машината со возило или на приколка
секогаш следете ги следниве чекори:
1. користете пристапни рампи со соодветна
ширина, должина и јачина за тежината и
димензиите на машината;
2. подигнете ја плочата до максималната
висина на сечењето со помош на системот за
приспособување;
3. товарете ја машината со изгаснат мотор, со
клучот за палење изваден од лежиштето на
машината, без управувач и без притисок,
ангажирајќи соодветен број на лица;
4. спуштете ја докрај плочата со уредот со
сечивото;
5. исклучете ја машината и извадете го клучот;
6. вклучете го преносот (пасус 6.3);
7. прицврстете ја машината на возилото,
користејќи ги двете куки на задната страна. Не
прицврстувајте ја машината на елементи што
може да се оштетат.
MK - 26

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Am 108 li 48 v2Am 125 li 48 v3

Table of Contents