По Работата; Редовно Одржување; Општо; Батерија - Stiga AM 98 Li 48 V1 Operator's Manual

Riding rotary lawn mower
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 247
7.7
ПО РАБОТАТА
1. Оставете машината да се излади пред да ја
поставите во која било средина.
2. Исчистете ја машината (пасус 8.4).
3. Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете ги
оштетените делови и затегнете ги разлабавените
шрафови и навртки или контактирајте со
овластен сервисер.
4. Поставете ја машината во близина на електричен
приклучок и наполнете ја батеријата (пасус 8.2.2),
за да биде целосно полна при следната употреба.
Секојпат кога ја оставате машината без надзор,
станувате од седиштето за управување или ја
паркирате машината:
1. Застанете ја машината;
2. Поставете ја плочата со уредот со сечивото во
најниска позиција «1»;
3. Проверете дали сите делови што се движат се
застанати целосно.
4. Извадете го клучот.
ВНИМАНИЕ
Секогаш оставајте ја машината на место под сенка
или во заштитена средина на температура пониска
од +35°C.
8. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
8.1
ОПШТО
ОПАСНОСТ
Безбедносните одредби што треба да ги следите
се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до
тие упатства за да избегнете сериозни ризици или
опасности.
Пред да извршите каква било контрола, чистење или
интервенција за одржување/регулација на машината:
1. исклучете го уредот со сечивото;
2. застанете ја машината;
3. проверете дали сите делови што се движат се
застанати целосно;
4. извадете го клучот;
ОПАСНОСТ
Никогаш не оставајте го клучот вметнат или на дофат
на деца или на лица коишто не се соодветни.
5. прочитајте ги соодветните упатства;
6. Носете соодветна облека, работни чевли и
заштитни очила.
Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во
„Табелата за одржување". Табелата го прикажува
опсегот што ќе ви помогне при одржување на
ефикасноста и безбедноста на машината. Во неа се
прикажани главните интервенции и предвидените
интервали за секоја од ставките. Извршете ја
соодветната постапка пред првата појава.
Употребата на резервни делови и дополнителна
опрема коишто не се оригинални или не се
правилно поставени, може да доведе до несакани
ефекти врз работата и безбедноста на машината.
Производителот ја отфрла сета одговорност во случај
на штети, инциденти или повреди предизвикани од
такви производи.
Оригиналните резервни делови се набавуваат
во сервисните центри или кај авторизираните
застапници.
8.2
БАТЕРИЈА
8.2.1
Автономија на батеријата
Автономијата на батеријата (односно површината
на тревникот кој може да се обработи пред повторно
полнење) е главно условена од:
A. Фактори на работа од кои преоизлегува
поголема потреба од енергија (на пр., косење на
густа, висока, влажна трева).
B. Однесувањето на операторот кој треба да
избегнува:
• често палење и гаснење во текот на работата,
• отстранета прекумерна количина трева во однос
на состојбата на тревникот;
• премногу голема брзина на движење во однос на
тревата што треба да се покоси.
C. Амбиентални фактори, како што е висока
амбиентална температура, повисока од +35°C.
За оптимизација на автономијата на
Батеријата секогаш треба:
• да се коси тревата кога тревникот е сув,
• да се коси тревата често за да не достигне
преголема висина,
• да се постави најдобрата висина за косење кога
тревата е многу висока и да се спроведе уште едно
косење на нископоставена висина,
• да не се користи машината со функцијата „дробење"
кога тревата е многу висока.
• да се коси тревата на амбиентална температура
помеѓу +5 и + 35 ° C..
8.2.2
Полнење на батеријата
Енергијата потребна за работа на машината е
обезбедена од батерија која бара внимателно
одржување за да се обезбеди нејзината ефикасност
и долг век на траење.
Акумулаторот на машината треба да се полни докрај:
MK - 21

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Am 108 li 48 v2Am 125 li 48 v3

Table of Contents