Безбедносни Мерки - Stiga CP1 480 Li D48 Series Operator's Manual

Pedestrian-controlled walk-behind battery powered lawn mower
Hide thumbs Also See for CP1 480 Li D48 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 59
МАКЕДОНСКИ - Превод на оригиналните упатства
Упатствата за употреба се достапни:
▷ на веб-страницата stiga.com
▷ со скенирање на QR-кодот
ВНИМАНИЕ: ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО ОВА УПАТСТВО ПРЕД ДА ЈА КОРИСТИТЕ МАШИНАТА.
Зачувајте за секое идно навраќање
1. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
1.1. ОБУКА
Запознајте се со командите и правилното
користење на машината. Научете брзо да
го запирате моторот. Непридржувањето кон
предупредувањата и кон упатството може да
предизвикаат изгореници и/или сериозни
повреди.
• Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат
машината, или други лица што не ги знаат основните
упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат
минималната возраст на корисникот.
• Никогаш не користете ја машината доколку корисникот
е во состојба на замор или изнемоштеност, или
користел лекови, дрога, алкохол или други штетни
супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено
реагирање или внимание,
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите
или опасноста по други лица или нивниот имот. Во
опсегот на одговорности на операторот спаѓа и
проценката на можните ризици на теренот каде треба
да се работи и затоа преземете ги сите неопходни
безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и
безбедноста на другите особено на закосени, нерамни,
лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на машината има
други лица, проверете дали корисникот ги почитува
упатствата што се содржани во ова упатство.
1.2. ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон против
лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте ја машината
со боси нозе или отворени сандали. Носете заштитни
слушалки за слухот.
• Носете ракавици за работа во сите ситуации каде има
ризик за рацете.
• Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, облека
со лелеави делови или со врвки и врски и слични
додатоци што висат или се долги и би можеле да се
закачат за машината или за предмети и материјали
кои се производ на работата.
• Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
Област за работа/машина
• Проверете ја темелно целата површина за работа и
отстранете сè што би можело да биде исфрлено од
машината и да ги оштети уредот за сечење/ротирачки
делови (камења, гранки, железни остатоци, коски,
итн.).
1.3. ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
• Не користете ја машината во средина каде постои
ризик од експлозија, во присуство на запаливи
материи, гасови или нечистотија. Електричните
делови предизвикуваат искри што може да ги запалат
нечистотиите или испарувањата.
• Не изложувајте ја машината на дожд или влажни
услови. Водата што може да навлезе во електричниот
дел го зголемува ризикот од електричен удар.
• Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко осветление и при услови на добра видливост.
• Избегнувајте да работите на мокра трева, кога
врне и кога ризик од временска непогода, особено
грмотевици.
• Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа
за работа. Неопходно е децата да бидат под надзор
на друго возрасно лице.
• Обрнете особено внимание на нерамнините на теренот
(грутки, канали), закосувањата, сокриени опасности
и на присуството на дадени опасности коишто може
да ја попречат видливоста.
• Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини,
дупки или препреки. Машината може да се преврти
ако едното тркало поминува преку раб или ако работ
е закосен.
• Работете секогаш надолжно во однос на косината, во
правец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајќи
при тоа на менувањето на правецот одржувајќи
правилна потпора и да избегнувате тркалата да
удираат на пречки (камења, гранки, корења и Сл.)
со што може да се предизвика странично лизгање,
превртување или загуба на контролата врз машината.
• Машината не смее да се користи на закосувања
поголеми од 20° без оглед на правецот на движење.
• Застанете го уредот со сечивото ако тревокосачката
треба да се закоси при транспорт, кога се поминува
преку терени без трева и кога тревокосачката се носи
кон теренот на кој треба да се коси и обратно.
• Не закосувајте ја тревокосачката во движење.
Вклучувајте ја на рамни површини, исчистени од
препреки и висока трева.
• Обрнете максимално внимание кога ја влечете
тревокосачката кон себе. Погледнете зад неа пред
и при движење наназад за да обезбедите дека нема
никакви пречки.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
• Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку од уредот
со сечилото, особено при палење на моторот и додека
работите со машината.
• Секогаш стојте оддалечено од отворот за празнење.
МК - 1
Download full manual
stiga.com

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents