Philips HR2665 User Manual page 72

Hide thumbs Also See for HR2665:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
МАКЕДОНСКИ
74
Важно!
Рецептите за тестенини наведени во поглавјето „Рецепт" се успешно тестирани. Ако
експериментирате или користите други рецепти за тестенини, соодносите на брашно и
вода/јајца ќе треба да се приспособат. Апаратот за тестенини нема да работи правилно
ако не го приспособите новиот рецепт на соодветен начин.
Забелешка
y За добри резултати, најважно е тестото да изгледа ронливо во комората за
месење. Ако тестото изгледа ронливо, рецептот ќе биде успешен. Рецептот нема
да биде успешен ако тестото е премногу влажно (изгледа како добро позната
густина на тестото) или е премногу суво (кога тестото изгледа само како брашно).
y Сезонските промени и користењето состојки од различни региони може
да влијаат на соодносот брашно/вода. Можете да го приспособите според
препорачаниот сооднос.
y Кога правите тестенини без глутен или тестенини од мешунки, потребна е
помала количина течност од препорачаната. За овие рецепти може да користите
приближно 10-20 ml помалку течност. Приспособете ја количината на течност во
зависност од типот на брашното.
y „Глутенот" е врзивно средство што овозможува тестенините да не се кршат лесно,
брашното без глутен не содржи врзивно средство, па затоа му треба згуснувач за
да дејствува како „врзивно средство", на пр. јајца или ксантан. Различни видови на
брашно без глутен дејствуваат различно при правењето тестенини. Некои видови
на брашно не се погодни за правење тестенини како што е кокосовото брашно, а
некои видови на брашно се погодни како што се киноата и хелдата.
y Кога правите тестенини со јајца или тестенини со зеленчук, не заборавајте да
ја изматите смесата од јајца или сокот од зеленчук рамномерно со водата пред
да ја сипете во комората преку отворот во капакот. Кога додавате состојки, не
заборавајте состојката да биде во течна форма.
Чистење
1 Исклучете го приклучокот од ѕидниот штекер.
2 Отворете го капакот на комората за мешање. (Сл. 3)
3 Олабавете ги завртките на предната табла. (Сл. 4)
Забелешка: предната табла е тешка. Бидете особено внимателни кога ја отстранувате.
4 Отстранете ги предната табла, дискот за обликување, држачот на дискот за
обликување, лопатката за мешање и комората за мешање по ред. (Сл. 5)
5 Користете сува крпа за чистење на остатоците од брашно на главната единица. (Сл. 30)
6 Исчистете го дискот за обликување со испорачаната алатка за чистење за да ги
отстраните остатоците од тесто. Потоа можете да го измиете со вода. (Сл. 31)
Забелешка: оставете ги дисковите да се исушат на воздух од 2 до 4 часа, а потоа
употребете ја соодветната алатка за чистење за да го отстраните тестото од отворите.
7 Исчистете ги сите отстранливи делови и избришете ги со сува крпа. (Сл. 6)
8 Избришете ги контролната табла и надворешниот дел на
сува крпа. (Сл. 32)
Складирање
1 Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се олади. (Сл. 29)
Забелешка: проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги складирате.
2 Дисковите за обликување може да ги складирате во преградата за складирање. (Сл. 33)
(Сл. 29)
апаратот
за тестенини со

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hr2665/93Hr2665/96

Table of Contents