Philips HR2665 User Manual page 71

Hide thumbs Also See for HR2665:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Забелешка
y Ако притиснете копче без да го затворите капакот, ќе се прикаже знакот за
затворање на комората. (Сл. 22)
y Прво вметнете ги двете куки во апаратот, а потоа турнете го капакот кон главната
единица.
y Апаратот нема да почне да работи ако капакот на комората не е правилно
затворен. Ако го отворите капакот на комората при процесот на правење на
тестенините, апаратот ќе престане да работи. Поставете го капакот и притиснете
го копчето Start/pause (Започни/паузирај) за повторно да ја започнете
операцијата.
8 Кога капакот е затворен се прикажува потребната количина на течност. (Сл. 23)
9 Користете ја испорачаната чаша за вода за да ја измерите количината на течност
според индикаторот на екранот. (Сл. 24)
Забелешка
y Не заборавајте да ја измерите количината на течност на нивото на вашите очи на
рамна површина.
y Кога ја правите смесата од јајце, скршете го јајцето во чашата за вода. Додајте ја
потребната количина на вода, па изматете ги водата и јајцето за да се соединат.
y Ако сакате, можете да користите 2 јајца наместо 1, но уверете се дека вкупната
количина на препорачана течност не е надмината.
y За поголема прецизност, користете кујнска вага за да ја измерите течноста.
Започнување на програмата за правење тестенини
1 Притиснете го копчето Start/pause (Започни/паузирај) за да започнете со мешање и
времето на мешање започнува да одбројува. (Сл. 25)
2 Откако ќе започне мешањето, полека сипувајте ја течноста по целата должина на
отворот во капакот. (Сл. 26)
Забелешка: при мешањето тесто, немојте да додавате други состојки откако ќе ја
сипете течноста. Во спротивно, тоа ќе влијае врз текстурата на тестенините.
3 Кога апаратот за тестенини ќе заврши со мешање, ќе се огласи со еден звучен сигнал
и ќе започне да обликува тестенини по неколку секунди. Употребете го сечилото за
да ги исечете тестенините на потребната должина.(Сл. 27)
Забелешка: ако соодносот на течноста и брашното не е точен, обликувањето нема
да успее. Повеќе рецепти побарајте во поглавјето „Рецепт".
4 Ако забележите преостанато тесто во комората откако ќе заврши правењето на
тестенини, можете прво да притиснете на копчето Extrusion only (Само обликување),
а потоа да притиснете на копчето Start/pause (Започни/паузирај) за дополнително
обликување. (Сл. 28)
Забелешка:
y Дополнителното обликување трае три минути.
y Времето за готвење на тестенините се разликува во зависност од личните желби,
облиците на тестенините и бројот на порции.
y За време на процесот на правење тестенини и кога процесот ќе заврши, апаратот
ќе се огласи со звучен сигнал.
МАКЕДОНСКИ
73

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hr2665/93Hr2665/96

Table of Contents