Монтирање на седиште за автомобил со автоматски каиш со
3 точки за фиксирање
1. Поставете го седиштето за автомобил на седиштето на возило во
спротивен правец од правецот на движење на возилото.
2. Бидете сигурни дека рачката за носење (11) е закочена во позиција А.
3. Бидете сигурни дека индикаторот на навалување (15) е паралелен со
подот на возилото.
4. Извлечете го автоматскиот каиш со 3 точки за фиксирање (16) и
поставете го неговиот дел за скут во водилката на скутниот каиш (17).
5. Заклучете го автоматскиот каиш со 3 точки за фиксирање (16) на
возилото во неговата закопчувалка.
6. Затегнете го делот за скут со влечење на дијагоналниот дел во правецот
на движење.
7. Водете го дијагоналниот дел на каишот зад горниот дел на седиштето за
автомобил, низ водилката на дијагоналниот каиш (18) и над линеарната
странична заштита од удари (L.S.P.) (14).
8. За да постигнете најдобра можна заштита, активирајте ја линеарната
странична заштита од удари (L.S.P.) (14) на страната на седиштето за
автомобил завртена кон вратата на возилото влечејќи го нејзиниот крај.
Седиштето за автомобил може исто така да се употребува со затворена
L.S.P ако во возилото нема доволно простор. За да го направите ова,
вратете го елементот во неговата почетна позиција.
ОТСТРАНУВАЊЕ ОД ВОЗИЛОТО
Отстранување на седиштето за автомобил со основа Z2
1. За да го отклучите седиштето за автомобил од основата (2), повлечете ја
рачката за ослободување на седиште (19) нагоре.
2. Навалете го благо седиштето за автомобил и подигнете го од основата (2).
MK
3. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX (6) на двете страни
притискајќи ти истовремено на копчињата за отпуштање ISOFIX (5) и
влечејќи ги наназад.
4. Извлечете ја основата (2) од точките за закотвување ISOFIX (7).
5. Отстранете ја основата (2) и турнете ги рачките за заклучување ISOFIX
(6) целосно наназад во нивните транспортни позиции.
6. Турнете ја наназад потпорната ногалка (3) во почетната позиција и
потоа преклопете ја за да заштедите простор.
134
7. Важно е да ја преклопите целосно потпорната ногалка за да се исклучи
предупредувачкиот звучен сигнал. На долната страна на основата е
назначена позиција за прицврстување на потпорна ногалка (20).
Отстранување на седиште за автомобил со автоматски каиш со 3
точки на прицврстување
1. Извадете го дијагоналниот дел на каишот од водилката на дијагоналниот
каиш (18).
2. Отклучете ја закопчувалката на седиштето за возило и извадете го делот
за скут на каишот од водилките на скутниот каиш (17).
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА
Наслонот за глава (21) може да се приспособи со помош на рачката за
приспособување на наслон за глава (22). Кога го приспособувате наслонот
за глава (21), погрижете се растојанието помеѓу рамениците на детето и
наслонот за глава да не е поголемо од 2 см (приближно 2 прста).
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО
1. Притиснете го копчето за приспособување на каишот (23) и повлечете ги
истовремено двата каиши за рамо (24) за да ги олабавите.
2. Отворете ја закопчувалката (25) со цврсто притискање на црвеното копче.
3. Ставете го детето во седиштето за автомобил со задникот завртен наназад.
4. Поставете ги каишите за рамо (24) директно преку рамениците на детето.
5. Поставете ги двете јазичиња за закопчување (26) заедно и заклучете ги
во закопчувалката (25). Треба да слушнете звук на закопчување.
6. Ако користите седиште со спојка SensorSafe, туркајте ја спојката за
да се затвори сè додека не слушнете звук на заклучување и турнете ја
затворената спојка надолу кон закопчувалката (25).
7. Повлечете го централниот каиш за приспособување (27) за да ги
затегнете каишите за рамо (24) сè додека не се прицврстат удобно на
телото на детето.
Сигурносниот каиш треба да биде наместен доволно цврсто, но да не
дозволува превиткување на кој било каиш.
8. Кога ја користите спојката SensorSafe, поставете ја директно под
подлошките за рамо.
ФУНКЦИЈА ЗА ВРТЕЊЕ НА BASE Z2
Повлечете ја рачка за вртење на седиште (28) на основата за да го завртите
седиштето за автомобил.
Need help?
Do you have a question about the CLOUD Z2 i-SIZE and is the answer not in the manual?