Skil 1340 Original Instructions Manual page 229

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
тркала на пилата за на маса. Неправилната
монтажа на сечилото за пила или употреба на
додатоци што не се препорачуваат може да
предизвикаат сериозни повреди.
ДОПОЛНИТЕЛНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Налети на струја доведуваат до кратктотрајни
падови на напопнот; под неповолни услови на
напојување може да биде оштетена другата
опрема (доколку имоенданцијата на напојување
со електрична енергија е помала од 0,313 ома, не
постои можност да дојде до нарушувања); доколку
ви е потребно дополнително објаснување, можете да
се обратите до локалната служба за снабдување со
електрична енергија
ОПШТИ
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
Секогаш исклучувајте го приклучокот од изворот
на напојување пред да ја транспортирате
алатката
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Овој алат не е подесен за сечење во присуство на
влага
Овој алат не е соодветен за сечење метали
КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО
Кога го користите на отворено, поврзете го алатот
преку осигурувач за струја (FI) за погрешно
напојување во струја за прекинување со максимум
30 mA и користете продолжен кабел којшто е
наменет за употреба на отворено и опремен со
водоотпорен приклучок
ПРЕД УПОТРЕБА
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
Носете заштитни очила, заштита за ушите, и
заштитни ракавици
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Секогаш проверувајте ја пилата за на маса
пред секоја употреба. Ако некој дел од пилата ви
недостасува, работи неправилно или е оштетен или
расипан, веднаш престанете да работите сè додека
не биде поправен или заменет.
Никогаш не користете го алатот без подметок за
масата. Заменете оштетен или изабен подметок за
масата
Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
ПРИБОР
Никогаш не користете дискови за оштрење/сечење
со овој електричен алат
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен соодветен прибор кој може да се набаво во
сите SKIL продавници
За поставување и користење на приборите кои не се
SKIL погледнете го упатството на производителот
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба
или се проверени според EN 847-1 и се соодветно
означени
Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
никогаш не користете сечила за пили направени од
брзоротирачки челик (HSS)
Не користете сечиво што е напукнато, деформирано
или тапо
Користете ги само сечивата за пили со дијаметар
на отворот којшто се вклопува на ободот на алатот
без да се мрда; никогаш не користете редуктори или
адаптери за сечива од пили за големи отвори
Заштитете го приборот од потреси, удари и масни
површини
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Не применувајте сила врз алатот (применете
лесен и континуиран притисок за да избегнете
прегревање на врвовите на сечивата и во случај на
сечење пластика, топење на пластичниот материјал)
Никогаш не посегнувајте над или зад сечилото за да
го повлечете или поддржите работното парче или да
отстраните отсечен материјал
Избегнувајте чудни операции и позиции на
рацете. Каде што ненадејното лизгање може да
предизвика прстите или раката да се придвижат во
сечилото на пилата или друга алатка за сечење.
Ако се блокира сечивото, веднаш исклучете го
алатот и прекинете го напојувањето; дури тогаш
извадете го парчето што го пробивате
- проверете дали пилата е паралелна со отворите
или жлебовите на масата и дали ножот за
разделување е правилно порамнет со сечилото на
пилата
- проверете дали оградата за паралелно сечење е
паралелна со сечилото на пилата
Во случај на атипично однесување или непознати
звуци, веднаш исклучете го алатот и извлечете го
штекерот од електричниот приклучок
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
Никогаш не користете го алатот кога кабелот е
оштетен; тој мора да се замени со специјално
подготвен кабел достапен преку организацијата на
услуги.
ПО УПОТРЕБА
По исклучувањето на електричниот алат, никогаш не
го запирајте вртењето на приборот со користење на
странична сила
229

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents