Raider RD-MG09 User Manual page 27

Mini grinder
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 10
3) БЕЗБЕДНОСТ НА ЛУЃЕ
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот
алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на
невнимание при употребата може да доведе до сеиозни повреди.
b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна
опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за
слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.
c) Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во
"OFF" позиција пред да го ставите штекерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот
на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приклучен со напојување на струја, може да предизвикате
незгоди.
d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот
кој се наоѓа во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.
e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте
рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата, облеката и ракавиците држете
ги подалеку од деловите кои се движат. Комотната облека, накитот или долгата коса може да бидат фатени во
деловите кои се движат.
g) Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и фаќање прашина, проверете дали се вклучени и
дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа
употреба. Со соодветниот електричен алат ќе работите подобро и посигурно во наведената функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може да се
вклучува и исклучува е опасен и мора да се поправи.
c) Извлечете го штекерот од приклучокот пред извршување на било какви подесувања на апаратот, замена на
приборот или складирање. Со овие мерки на внимателност ќе се избегне невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот
на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни
доколку со нив работат неискусни лица.
e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат
беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се
обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за
многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици
помалку ќе се заглавуваат и со нив работата ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој
е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува.
Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја само на обучен, стручен кадар на овластен сервисер, и само
со оригиналните резервни делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да остане со зачувана безбедност.
УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНА РАБОТ СО РОТАЦИСКИОТ АЛАТ СО ГОЛЕМА БРЗИНА
1) БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА СИТЕ ОПЕРАЦИИ
a) Овој алат е наменет за брусење, пескарење, четкање, полирање, резбарење или за сечење. Прочитајте
ги сите безбедносни предупредувања, упатства, слики и спецификации што се обезбедуваат со овој алат.
Непочитувањето на сите упатства подолу може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.
b) Не користете дополнителна опрема којашто производителот на алатот специфично не ја наменува или
препорачува. Само заради тоа што одредена дополнителна опрема може да се прикачи на алатот, тоа не значи
дека ќе обезбеди безбедна работа.
c) Номиналната брзина на дополнителната опрема мора ба биде барем еднаква на максималната брзина
посочена на алатот. Дополнителната опрема којашто работи побргу од номиналната брзина може да се откачи.
162
d) Надворешниот дијаметар и дебелината на дополнителната опрема мора да бидат во рамките на капацитетот
посочен на алатот. Несоодветната големина на дополнителната опрема не може соодветно да се обезбедува и
контролира.
e) Вкупната димензија на тркалата, барабанот за пескарење или која било друга дополнителна опрема мора
правилно да легнуваат на осовината или стегата на алатот.Дополнителната опрема којашто не соодветствува на
елементот за поставување кај алатот нема да работи рамномерно, ќе вибрира прекумерно и може да предизвика
да ја загубите контролата.
f) Тркалата што се поставуваат на вретено, барабаните за пескарење, секачите или другата дополнителна
опрема мора да бидат вметнати докрај во стегата или клинот. „Висењето" или должината на вретеното од тркалото
до стегата мора да биде минимално. Ако вретеното не се држи добро и/или слободниот дел кај тркалото е многу
долг, поставеното тркало може да се разлабави и да се исфрли при голема брзина.
g) Не користете оштетена дополнителна опрема. Проверете ја дополнителната опрема пред секоја употреба за
да утврдите дали абразивните тркала содржат парчиња и пукнатини, дали барабанот за пескарење има пукнатини,
дали челичните четки имаат разлабавени или скинати жици. Ако алатот или дополнителната опрема паднат,
проверете дали се оштетиле или ставете неоштетена дополнителна опрема. По проверката и поставувањето на
дополнителната опрема, поставете се подалеку од опсегот на ротирачката дополнителна опрема, потоа вклучете
го алатот на максималната брзина да работи една минута без оптоварување. Оштетената дополнителна опрема
обично ќе се откачи во текот на овој период за проверка.
h) Носете лична опрема за заштита 4. Зависно од употребата, носете заштита за лице, безбедносни очила
или заштитна маска. Ако е соодветно, носете маска за прашина, заштита за уши, ракавици или престилка што
имаат капацитет да ги застануваат ситните абразивни честички или остатоци од работата. Заштитата за очи мора
да овозможува застанување на разлетаните остатоци од работата при разни операции. Маската за прашина
или респираторот мора да имаат капацитет за филтрирање на честички коишто се генерираат при работата.
Продолжено изложување на голема бучава може да го оштети слухот.
27

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents