Заштита На Животната Средина - Raider RD-MG09 User Manual

Mini grinder
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 10
30
www.raider.bg
УПОТРЕБА
• Менување на приборот 5
! исклучете го алатот и извадете го од приклучокот
! проверете дали големината на металниот обрач одговара на големината на осовината на приборот -
притиснете го копчето за заклучување на вретеното B и држете го притиснато додека со раката ја навртувате навртката
на обрачот D, така што бравата на вретеното оневозможува понатамошно вртење , а потоа отпуштете ја навртката на
обрачот D, со помош на клучот E - ставете го приборот во обрачот C што подлабоко, за да не дојде до негово паѓање
или губење а рамнотежа 165 - притиснете го копчето за заклучување на вретеното B и држете го притиснато додека ја
прицврстувате навртката на обрачот D, со помош на клучот E
! не ја прицврстувајте навртката на обрачот D премногу силно
! никогаш немојте да ја навртувате навртката на обрачот ако приборот се не се наоѓа во обрачот; на тој
начин, обрачот може да се оштети
• Менување на обрачот 6
! исклучете го алатот и извадете го од приклучокот - притиснете го копчето за заклучување на вретеното B
и држете го притиснато додека ја отстранувате навртката на обрачот D - отстранетего обрачот C - ставете нов
обрач
! никогаш немојте да ја навртувате навртката на обрачот ако приборот се не се наоѓа во обрачот; на тој
начин, обрачот може да се оштети
• Пред користење на електричниот алат - проверете дали е приборот исправно поставен и силно прицврстен -
проверете дали приборот може да се помести, така што рачно ќе го стартувате - пробно вклучете го алатот најмалку
30 секунди на најголема брзина во празен од и во сигурна положба - веднаш престанете со работата доколку дојде до
поголеми вибрирања или други неправилности во работата и прегледајте го алатот, за да ја одредите причината
• Прекинувач за вклучување/исклучување 7 - вклучете/исклучете го електричниот алат со поместување на копчето
A во "I"/"O" положба ! пред дополнителниот дел да го допре делот за работа, алатот мора да работи со полна брзина !
уредот треба да се подигне од работната површина пред тој да биде исклучен
• Контрола на брзината 8 За оптимални резултати на различни материјали - одберете ја брзината со помош на
тркалцето G (тоа можете да го правите и кога алатот е вклучен) - користете 9 како пример за одредување на соодветната
брзина - пред да почнете со работата, пронајдете ја оптималната брзина преку тестирање на стариот материјал ! по
подолг период на работа со помала брзина, мора да го пуштите алатот да се олади, така што ќе работи околу 3 минути
на поголема брзина, без оптеретување
• Држење и насочување на алатот 0 - рачка со моливот за прецизна работа (гравирање) - рачка за една рака за
помалку прецизна работа (брусење) - потпорна рачка за дополнителна контрола и удобност - немојте премногу да го
притискате електричниот алат; дозволете брзина сам да работи
• Потпорна рачка ! - може да се подеси како што е прикажано на сликата - може да се постави во 4 различни положби
• Рефлектор (не се добива заедно со алатот) Вклучете/исклучете го рефлекторот J со вртење на копчето K во насока
спротивна на стрелките на часовникот/во насока на стрелките на часовникот
• Осовина која се витка (не се добива заедно со алатот) - поставете ја осовината која се витка како што е прикажано
на сликата - користете ја осовината која се витка за работа на тешкопристапни места Менувањето на приборот при
користење на осовината која се витка - повлечете го ракавот L надолу (=брава на вретеното) и држете го додека со
раката ја навивате навртката на обрачот D, така што бравата на вретеното оневозможува понатамошно вртење, а потоа
отпуштете ја навртката на обрачот D со помош на клучот E - ставете го приборот во обрачот C - повлечете го ракавот
L надолу (=брава на вретеното) и држете го додека ја прицврстувате навртката на обрачот D со помош на клучот E
• Поставување на постамент (се добива заедно со алатот) % - поставете го постаментот на работната површина или
маса, со максимална дебелина од 60 мм - подесете ја висината на постаментот со вртење на цевките M во насоката
спротивна од стрелките на часовникот, поставете ги на соодветната висина, а потоа свртете ги во насоката на стрелките
на часовникот - подесете ја висината на штитникот N со отпуштање на копчето P, а потоа подесете го штитникот на
саканата висини а прицврстете го копчето P - прицврстете го електричниот алат на штитникот, со помош на куката Q
• Склопување на определениот прибор
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење H 2)
! пред чистење извадете го алатот од приклучокот
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој
овластен RAIDER сервис за електрични алати - во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со
сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот RAIDER сервис (адресите се наведени на www. raider.bg)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното ѓубре (само
за земјите на ЕУ) - според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и
нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот
животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање - симболот & ќе
ве потсетува на ова кога ќе дојде време алатот да го фрлите
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
• Со целосна одговорност изјавуваме дека производот опишан кај "Технички податоци" е усогласен со следните
стандарди или документи за стандардизација: EN 60745, EN 61000, EN 55014 во согласност со одредбите во
директивите 2004/108/ EG, 2006/42/EG, 2011/65/ЕУ, 2009/125/EG (EУ регулатива 1194/2012)
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен притисок е 71 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB) и
вибрација 2,9 м/с² (hand-arm метода; несигурност К = 1.5 м/с²)
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со
стандардизираниот тест даден во EN 60745; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична
оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени - користењето на алатот за разни
примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност - кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен но не врши некаква работа, може да дојде до значително
намалување на нивото а изложеност ! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите
делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents