Чистење На Микробрановата Печка; Складирање И Поправка На Микробрановата Печка - Samsung GE109M Owner's Instructions & Cooking Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 193
ЧИСТЕЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Следните делови од микробрановата печка треба да се чистат редовно за да
не се таложат остатоци од маснотии и храна:
• Внатрешните и надворешните површини
• Вратата и шарките
• Плочата и кружните прстени
СЕКОГАШ проверете дали шарките од вратата се чисти и дали вратата е
добро затворена.
Лошото одржување на печката може да доведе до оштетување на
површината што би предизвикало расипување на печката и можни
несакани ситуации.
1. Исчистете ја внатрешноста со мека крпа и топла вода со сапуница.
Исплакнете и исушете.
2. Отстранете ја нечистотијата од внатрешната површина и од кружниот
прстен со насапунета крпа. Исплакнете и исушете.
3. За да ги отстраните тврдокорните нечистотии и мирисот, ставете чаша со
разблажен лимонов сок на плочата и загрејте десет минути со најголема
јачина.
4. Измијте ја вртливата плоча кога тоа ќе биде потребно, може и во машина
за миење садови.
НЕМОЈТЕ да истурате вода на вентилацијата. НИКОГАШ не
употребувајте абразивни и хемиски средства. При чистењето на шарките
од вратата особено внимавајте да нема остатоци:
• Кои се наталожени
• Го попречуваат затворањето на вратата
Исчистете ја внатрешноста на микробрановата печка по секоја употреба
со благ раствор од детергент, но не правете го тоа веднаш, оставете да се
олади за да не се изгорите.
Кога го чистите внатрешниот горен дел од печката,
најдобро е да го спуштите грејачот за 45 ° и потоа да
исчистите.
GE109M_BOL-03505V_MK.indd 31
СКЛАДИРАЊЕ И ПОПРАВКА НА МИКРОБРАНОВАТА
ПЕЧКА
Обрнете внимание на неколку работи во ситуации кога треба да ја
складирате или сервисирате микробрановата печка.
Не употребувајте ја печката ако вратата или шарките од вратата се
оштетени како на пр.:
• Скршени шарки
• Расипани затворачи
• Изобличено или искривено куќиште
Само квалификуван сервисер може да ја поправа микробрановата
печка
НИКОГАШ не отстранувајте го капакот од печката. Доколку
печката не работи и треба да се сервисира или се сомневате во
нешто:
• Исклучете ја од напојување
• Обратете се до најблискиот сервис
Ако сакате да ја складирате печката привремено, одберете суво,
чисто место.
Причина : Правот и влагата можат неповолно да влијаат на
работните делови од печката.
Микробрановата печка не е наменета за комерцијална употреба.
31
2011-08-19
7:53:50

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ge109mst

Table of Contents