Samsung GE109M Owner's Instructions & Cooking Manual page 88

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 193
ПОДГРЕВАЊЕ
Микробрановата печка ќе ја загрее храната за многу пократко време
од стандардниот шпорет.
Користете ниво на јачина и време за подгревање согласно упатствата
од табелата. Времињата во табелата се однесуваат на течности
на собна температура од +18 до +20 °C или изладена храна на
температура од +5 до +7 °C.
Распоредување и покривање
Избегнувајте да подгревате големи парчиња месо – тие може премногу
да се испечат на надворешниот слој без да се загрее внатрешниот
дел. Подгревањето на мали парчиња може да биде поуспешно.
Нивоа на јачина и промешување
Некоја храна може да се згрева со јачина од 900 W додека друга со
јачина од 600 W, 450 W или дури 300 W.
Ако ви треба помош, проверете во табелите. Генерално, подобро е
да се подгрева храната со помала јачина, доколку таа е деликатна, во
поголема количина или се загрева многу брзо (на пр. овошни колачи).
Добро промешувајте или вртете ја храната за време на подгревањето
за најдобри резултати. Кога е можно, промешајте повторно пред
сервирање. Внимавајте кога загревате течности и храна за бебиња.
Заради заштита од превривање и можни изгореници, промешајте
пред, за време и по загревањето. Чувајте ги во печката за да отстојат.
Ви препорачуваме да ставите пластична или стаклена лажица во
течностите. Избегнувајте прегревање (а со тоа и намалување на
квалитетот) на храната.
Подобро е да предвидите пократко време на готвење и доколку е
потребно да додадете дополнително време.
Време на греење и стоење
Кога првпат подгревате храна забележете го потребното време –
може да ви користи во иднина.
Секогаш проверете дали храната што ја подгревате е рамномерно
стоплена. Дозволете храната да постои одредено време по
подгревањето - за да се изедначи температурата.
Се препорачува време на стоење од 2-4 минути, освен ако не е
поинаку прикажано во табелата.
Внимавајте кога загревате течности и храна за бебе. Погледнете го
делот за безбедносни мерки.
GE109M_BOL-03505V_MK.indd 24
ПОДГРЕВАЊЕ ТЕЧНОСТИ
Секогаш оставете време од 20 секунди откако печката ќе се исклучи
за да може температурата да се изедначи. Промешајте за време
на загревањето, доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по
загревањето. Заради заштита од превривање и можни изгореници,
ставете пластична лажица или стаклена прачка во пијалаците и
промешајте пред, за време и по загревањето.
ПОДГРЕВАЊЕ ХРАНА ЗА БЕБИЊА
ХРАНА ЗА БЕБИЊА: Истурете ја во длабок керамички сад. Покријте
со пластичен капак. Промешајте добро по загревањето!
Нека отстои 2-3 минути пред сервирањето. Промешајте повторно и
проверете ја температурата.
Препорачлива температура за сервирање: помеѓу 30-40 °C.
МЛЕКО ЗА БЕБИЊА: Истурете го млекото во стерилно стаклено
шише. Не покривајте. Никогаш не загревајте го шишето заедно со
цуцлата, доколку се прегрее може да експлодира. Добро протресете
пред да отстои и повторно пред да сервирате! Секогаш внимателно
проверете ја температурата на млекото или храната пред да ја дадете
на бебето. Препорачлива температура за сервирање: околу 37 °C.
ЗАБЕЛЕШКА: Храната за бебиња мора внимателно да се провери
пред употребата за да не се изгори бебето.
Употребете јачина и време од следната табела како упатство за
подгревање.
24
2011-08-19
7:53:50

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ge109mst

Table of Contents