Чистење На Микробрановата Печка - Samsung GW71B Owner's Instructions & Cooking Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 141
СПЕЦИЈАЛНИ СОВЕТИ
ТОПЕЊЕ ПУТЕР
Ставете 50 g путер во мал длабок стаклен сад. Покријте со пластичен капак.
Загревајте 30-40 секунди со јачина од 750 W, додека путерот не се истопи.
ТОПЕЊЕ ЧОКОЛАДО
Ставете100 g чоколадо во мал длабок стаклен сад. Загревајте 3-5 минути,
со јачина од 450 W додека чоколадото не се истопи. Промешајте еднаш или
двапати за време на топењето. Употребете ракавици при вадењето!
ТОПЕЊЕ КРИСТАЛИЗИРАН МЕД
Ставете 20 g кристализиран мед во мал длабок стаклен сад.
Загревајте 20-30 секунди со јачина од 300 W, додека медот не се истопи.
ТОПЕЊЕ ЖЕЛАТИН
Потопете ги листовите сув желатин (10 g) 5 минути во ладна вода.
Ставете го исцедениот желатин во мал длабок стаклен огноотпорен сад.
Загревајте 1 минута со јачина од 300 W.
Промешајте после топењето.
ПОДГОТВУВАЊЕ ГЛАЗУРА/ПРЕЛИВ (ЗА КОЛАЧИ И ТОРТИ)
Помешајте инстант глазура (околу 14 g) со 40 g шеќер и 250 ml ладна вода.
Гответе непокриено во стаклен огноотпорен сад од 3½ до 4½ минути со
јачина од 750 W, додека глазурата/преливот не стане проѕирен(а). Промешајте
двапати додека готвите.
ПОДГОТВУВАЊЕ ЏЕМ
Ставете 600 g овошје (на пример мешано) во соодветно голем стаклен
огноотпорен сад со капак. Додадете 300 g шеќер и промешајте добро.
Гответе покриено околу 10-12 минути со јачина од 750 W.
Промешајте неколку пати додека готвите. Истурете директно во мали тегли со
капак. Затворете по 5 минути.
ПОДГОТВУВАЊЕ ПУДИНГ
Измешајте ја смесата со шеќер и млеко (500 ml) следејќи го упатството на
производителот и добро промешајте. Употребете погоден стаклен сад со
капак. Гответе покриено околу 6½ to 7½ минути со јачина од 750 W.
Промешајте добро неколку пати додека готвите.
ПЕЧЕЊЕ БАДЕМИ
Распоредете рамномерно 30 g исечкан бадем на керамички сад со средна
големина. Промешајте неколку пати за време на печењето од 3½ до 4½
минути со јачина од 600 W.
Оставете да отстојат 2-3 минути во печката. Употребете ракавици при
вадењето!
GW71B_BOL-03816K_MK.indd 26
чИСтЕњЕ НА МИКрОБрАНОВАтА ПЕчКА
Следните делови од микробрановата печка треба да се чистат редовно за да
не се таложат остатоци од маснотии и храна:
• Внатрешните и надворешните површини
• Вратата и шарките
• Плочата и кружните прстени
Секогаш проверете дали шарките од вратата се чисти и дали вратата е
добро затворена.
Лошото одржување на печката може да доведе до оштетување на
површината што би предизвикало расипување на печката и можни
несакани ситуации.
1. Исчистете ја внатрешноста со мека крпа и топла вода со сапуница.
Исплакнете и исушете.
2. Отстранете ја нечистотијата од внатрешната површина и од кружниот
прстен со насапунета крпа. Исплакнете и исушете.
3. За да ги отстраните тврдокорните нечистотии и мирисот, ставете чаша со
разблажен лимонов сок на плочата и загрејте десет минути со најголема
јачина.
4. Измијте ја вртливата плоча кога тоа ќе биде потребно, може и во машина
за миење садови.
Не истурајте вода на вентилацијата. Никогаш не употребувајте
абразивни и хемиски средства. При чистењето на шарките од вратата
особено внимавајте да нема остатоци:
• Кои се наталожени
• Го попречуваат затворањето на вратата
Исчистете ја внатрешноста на микробрановата печка по секоја употреба
со благ раствор од детергент, но не правете го тоа веднаш, оставете да
се олади за да не се изгорите.
26
2010-07-13
10:22:27

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents