Користење На Пумпата За Измолзување; Кога Треба Да Се Измолзува Млекото - Philips AVENT SCF332 Manual

Hide thumbs Also See for SCF332:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Македонски
146
7 Притиснете помеѓу листовите на венецот за да го отстраните заробениот воздух (Сл. 12).
Забелешка: Поставете го капакот врз перничето за пумпата за измолзување да остане чиста додека се
подготвувате за измолзување.
Предупредување: Секогаш користете ја пумпата за измолзување со перниче.
8 Ставете го адаптерот во ѕидниот електричен приклучок и приклучете го другиот крај во делот со моторот (Сл. 13).
Референтната шифра на адаптерот е означена на дното на апаратот. Со уредот, користете го само
назначениот адаптер.
За функционирање на батерии (само за единечна електрична пумпа за измолзување), свртете го дното на
-
делот со моторот во насоката покажана со ознаките на дното (чекор 1 (Сл. 14)) и отстранете го (чекор 2
(Сл. 14)). Ставете четири нови AA батерии од 1,5V (или 1,2V доколку имате батерии што можат повторно
да се полнат) во куќиштето за батерии. Проверете ги ознаките на куќиштето за батерии за правилен
поларитет. Повторно прикачете го дното на делот со моторот.
Забелешка: Нов комплет батерии обезбедува време на работење од 1-3 часа. Со текот на времето, батериите
што можат повторно да се полнат ќе го изгубат капацитетот, што може да предизвика намалување на времето
на работење.
Забелешка: Доколку имате ставено батерии во куќиштето за батерии на делот со моторот и адаптерот е
приклучен, тогаш пумпата за измолзување ќе биде напојувана од електричната мрежа. Батериите не можат да
се полнат во уредот.
Предупредување: Не користете различни типови батерии заедно.
Предупредување: Не користете употребувани и нови батерии заедно.
9 Приклучете ги силиконското црево и капакот на дијафрагмата. Притиснете го капакот надолу да биде безбедно
прицврстен (Сл. 15).
Користење на пумпата за измолзување
Кога треба да се измолзува млекото
Ако со доењето нема проблеми, се препорачува (освен ако поинаку не ве советува вашиот здравствен работник/
советник за доење) да почекате додека не се воспостави нормална продукција на млекото и распоред на доењето
(обично најмалку 2 до 4 недели после породувањето) пред да почнете со измолзувањето.
Исклучоци:
Ако доењето веднаш не почне добро, редовното измолзување може да помогне да се воспостави и одржува
-
продукцијата на млекото.
Ако измолзувате млеко за вашето бебе што треба да се однесе во болница.
-
Ако вашите гради се набрекнати (болат и се потечени), можете да измолзете мало количество млеко пред или
-
меѓу доењата за да ја олесните болката и да му помогнете на вашето бебе полесно да се навикне.
Ако имате воспалени или распукани брадавици, можеби ќе сакате да го измолзувате млекото додека не заздрават.
-
Ако сте разделени од вашето бебе и сакате да продолжите да го доите кога повторно ќе бидете заедно, треба
-
редовно да го измолзувате млекото за да ја стимулирате продукцијата на млекото.
Треба да најдете оптимални периоди во денот за измолзување на млекото, на пример, непосредно пред или после
првото доење на бебето наутро кога градите ви се полни или после доење, ако бебето не ги имаа испразнето
двете гради. Ако се имате вратено на работа, можеби ќе треба да се измолзете за време на паузата. За користење
на пумпата за измолзување потребна е пракса и може ќе треба да пробате неколку пати пред да успеете. За
среќа, електричната пумпа за измолзување Philips Avent е лесна за склопување и користење, така што набрзо ќе се
навикнете да се измолзувате со неа.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Scf334

Table of Contents