Најдете Го Најдоброто Перниче За Вас; Склопување На Пумпата За Измолзување - Philips AVENT SCF332 Manual

Hide thumbs Also See for SCF332:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Потребни материјали за дезинфекција:
Тенџере
-
Висококвалитетна вода за пиење
-
Дезинфицирајте ги деловите на следниов начин:
Наполнете тенџере со доволно вода за да ги покрие сите делови. Загрејте ја водата до вриење. Ставете ги
деловите во тенџерето и оставете да вријат околу 5 минути (Сл. 4). За време на стерилизирањето со вриење
во вода, внимавајте шишето и другите делови да не ги допираат ѕидовите на садот. Тоа може да предизвика
неповратни деформации на производот или оштетувања за кои Philips не е одговорен.
Оставете водата да се излади и внимателно извадете ги деловите од водата. Уредно ставете ги деловите на
чиста хартиена крпа или на чиста решетка за сушење садови и оставете ги да се исушат. Избегнувајте користење
текстилни крпи за да ги исушите деловите бидејќи пренесуваат микроби и бактерии кои може да му наштетат на
вашето бебе.
Најдете го најдоброто перниче за вас
Измолзувањето мајчино млеко треба да биде удобно. Затоа нудиме 3 меки флексибилни перничиња: перниче за
масирање од 19,5 mm (испорачано со пумпата за измолзување) и перниче за масирање од 25 mm.
За оптимална удобност и резултат, треба да го изберете оптималното перниче за вашите брадавици (Сл. 3).
19,5 mm: Перниче за масирање,
25 mm: Перниче за масирање (не е вклучено):
1 Почнете со стандардното перниче за масирање од 19,5 mm испорачано со пумпата за измолзување. На самото
перниче е означена големината (Сл. 5).
Доколку перничето е премало, купете го поголемото перниче од 25 mm (погледнете во „Нарачување додатоци")
Премало перниче може да предизвика болка или помалку ефикасно измолзување (Сл. 6).
Склопување на пумпата за измолзување
Забелешка: Осигурете се дека сите делови на пумпата за измолзување се исчистени и стерилизирани пред првата
употреба.
1 Темелно измијте ги рацете пред да ракувате со исчистените делови.
Предупредување: Внимавајте, исчистените делови може да се жешки.
Започнете да ја склопувате пумпата за измолзување дури откако исчистените
делови ќе се изладат.
Забелешка: Склопувањето на пумпата за измолзување може да ви е полесно доколку деловите се мокри.
2 Ставете го белиот вентил во телото на пумпата одоздола. Турнете го вентилот колку што е можно повнатре
(Сл. 7).
3 Навртете го телото на пумпата на шишето во насока на стрелките на часовникот да биде безбедно
прицврстено (Сл. 8).
4 Ставете ја силиконската дијафрагма во телото на пумпата одозгора. Осигурете се дека е цврсто прилепена
околу работ со притискање надолу со прстите за да се обезбеди целосно дихтување (Сл. 9).
5 Ставете го перничето во делот во форма на инка од телото на пумпата (Сл. 10).
6 Турнете го внатрешниот дел на перничето колку што е можно повнатре и осигурете се дека е цврсто
прилепено околу рабовите на телото на пумпата (Сл. 11).
Македонски
145

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Scf334

Table of Contents