Објаснување На Симболите - Philips AVENT SCF332 Manual

Hide thumbs Also See for SCF332:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Македонски
160
Објаснување на симболите
Знаците и симболите за предупредување се од суштинско значење за осигурување дека го користите производот
правилно и безбедно и за ваша заштита и заштита на другите од повреда. Подолу ќе го најдете значењето на
знаците и симболите за предупредување од етикетата и во овој прирачник за корисникот.
Симбол за „следете ги упатствата за употреба".
Ја покажува потребата корисникот да ги погледне упатствата за употреба за важни информации за
внимание, како што се предупредувања и мерки на претпазливост кои од различни причини не можат
да се претстават на самиот медицински уред.
Покажува совети за користење, дополнителни информации или забелешка.
Го покажува производителот, како што е дефинирано во IEC 60601-1 што содржи референца на ISO
15223-1:2012.
Го покажува датумот на производство
Овој симбол значи дека делот од апаратот кој доаѓа во физички контакт со корисникот (исто така
познат како применет дел) е од типот BF (физички контакт со телото) според IEC 60601-1.
Се однесува на дел 3 и 4 од прегледот на општиот опис (Сл. А)
Симбол за „Опрема од класа II". Адаптерот е двојно изолиран (Класа II).
Го означува каталошкиот број на производителот на апаратот.
Симбол за „истонасочна струја".
Симбол за „наизменична струја".
Усогласеност со Директивата за низок напон
Посебно собирање за електрична и електронска опрема во согласност со директивата на ЕУ.
Електричниот отпад не треба да се отстранува со отпадот од домаќинствата. За повеќе информации
погледнете во делот „Рециклирање".
Притиснете го копчето за вклучување и за исклучување.
IP22: Првиот број 2: Заштитено од цврсти туѓи предмети со пречник од 12,5 mm и повеќе. Вториот
број: Заштитено од вертикално капење вода, кога куќиштето е навалено до 15°. Капките вода што
паѓаат вертикално немаат негативен ефект кога куќиштето е навалено под било кој агол до 15° на
двете страни од вертикалата.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Scf334

Table of Contents