Користење На Електричната Пумпа За Гради; Пред Да Ја Користите Пумпата; За Да Почнете Со Испумпување - Philips AVENT SCF301 User Manual

Hide thumbs Also See for SCF301:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5
Цврсто притиснете го капачето
на силиконската дијафрагма за да
налегне цврсто врз неа. (Сл. 8)
6
Цврсто поврзете ја силиконската
цевка со капачето и со моторот.
(Сл. 9)
7
Поврзете го адаптерот за
напојување со моторот на пумпата,
а потоа вметнете го кабелот за
напојување во штекер. (Сл. 10)
Забелешка
Користете го само адаптерот кој е 
испорачан со производот. Немојте да 
користите друг адаптер.
Совет
За ракување со батеријата, отворете 
го задниот капак од единицата 
за моторот во насоката наведена 
со ознаките. Вметнете четири 
нови AA алкални батерии од 
1,5V во лежиштето за батериите. 
Повторно прикачете го задниот 
капак на единицата за моторот. Ви 
препорачуваме да користите батерии 
со повторно полнење за долготрајна 
употреба. (Сл. 11)
Забелешка
Доколку сте вметнале батерии во 
лежиштето за батерии во моторот 
на пумпата и сте го приклучиле 
адаптерот, пумпата за гради 
ќе работи на главното струјно 
напојување. Батериите не може да се 
полнат во единицата.
140
Македонски
5
Користење на
електричната пумпа
за гради
Пред да ја користите пумпата
Темелно измијте си ги рацете и 
проверете дали ви се чисти градите. 
Нежно притиснете малку млеко од 
секоја брадавица за да се осигурате 
дека млечните канали не се блокирани.
Следете ги чекорите во поглавјата 
„Чистење и стерилизирање" и 
„Составување" за да ја исчистите, 
стерилизирате и составите пумпата.
Опуштете се во удобна фотелја, 
навалете се благо нанапред (користете 
перничиња за потпирање на грбот). 
Имајте чаша вода во близина.
За да почнете со испумпување
1
Притиснете ги составените делови
од пумпата на вашите гради.
Внимавајте брадавиците да ги
поставите централно за да може
перничето за масирање да создаде
херметичко затворање. Погрижете се
да не излегува воздух; во спротивно
ќе нема вшмукување. (Сл. 12)
2
Притиснете го копчето за
напојување (
) за да ја вклучите
пумпата. (Сл. 13)
» Панелот за приказ ќе засвети во 
траење од 1 секунда. Пумпата за 
гради автоматски започнува со 
режимот со ниво на стимулација 
1 при првото користење, a 
индикаторот за стимулација 
засветува. Уредот има функција 
за меморирање за да ги запомни 
вашите нивоа на стимулација и 
измолзување при последното 
користење.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents