Philips HomeRun Aqua XU3000/01 Manual page 734

Vacuum & mop robot
Hide thumbs Also See for HomeRun Aqua XU3000/01:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
Македонски
736
Уредување на картата
Во апликацијата можете да користите Уредување на картата за да:
-
уредувате соби (да спојувате/делите соби, да именувате соби) за да
можете да ја приспособувате рутината за чистење на роботот, според
соба.
-
да поставувате ограничени области за да наведете каде на роботот му е
дозволено да чисти, а каде не.
-
направите карта за секој под од вашиот дом и да складирате до 5 карти.
Кога го користите уредот, тој создава нова карта во нова средина. Ако
имате карти што често ги користите и не сакате случајно да ги
пребришете, можете да заклучите до 3 карти.
Подготовка на собата за мапирањето
Пред да почнете со мапирањето, осигурете се дека:
-
сте го средиле просторот.
-
сте го ставиле мебелот на правилното место.
-
сте ги тргнале неприцврстените и малите пречки.
Забелешка: Тоа е важно за да се избегне трајно зачувување на
пречките на картата.
-
Отворете ги сите врати во куќата и затворете ги вратите кон
надворешноста.
Важно: Осигурете се дека роботот не може да биде блокиран за време на
користењето.
Правење карта
Важно: За време на мапирањето роботот нема да чисти.
Важно: За да направите карта од некој под, многу е важно да ја поставите
станицата на подот што сакате да го мапирате затоа што роботот мора да
биде во станицата кога мапирањето започнува и завршува. Ако сакате да
направите карта од 2-от кат, станицата мора да се постави таму за време на
процесот на мапирање. Потоа, картата на овој кат може да се користи дури
и ако станицата се наоѓа на друг кат.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Homerun aqua 3000 series

Table of Contents