Bosch GDB 350 WE Professional Original Instructions Manual page 131

Hide thumbs Also See for GDB 350 WE Professional:
Table of Contents

Advertisement

OBJ_BUCH-2203-001.book Page 131 Friday, October 24, 2014 3:24 PM
Исклучување
За исклучување на електричниот апарат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 во позиција 0.
Завртете ја запорната славина за вода 8. По завршување
на работата извадете го приклучниот елемент за славината
7 од доводот за вода. Отворете ја запорната славина за
вода 8 и испуштете ја преостанатата вода.
Ограничување на стартната струја
Електрониката на електричниот апарат овозможува нежен
старт на моторот и ја спречува превисоката стартна струја.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја.
За повторно ставање во употреба притиснете го копчето
„RESET" на заштитниот уред за диференцијална струја
(PRCD) 2. На крај поставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот апарат.
Бирање на бројот на вртежи
Со прекинувачот за избор на брзина 6 може да изберете
два броја на вртежи.
Постојат препорачани брзини за следните дијаметри на
дупчење:
1. брзина
165–350 мм
2. брзина
80–160 мм
3. брзина
55–105 мм
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
При дупчење олабавете ја сопирачката за фиксирање 5.
Притоа цврсто држете го вртливиот крст 4 на сталакот за
дупчалка, за да спречите неконтролирано излизгување на
дупчалката (погледнете во упатството за сталакот за
дупчалка).
Дупчете во 1. брзина со помал број на вртежи, сè додека
крунестата бургија не почне да се врти во материјалот без
вибрации. Потоа, доколку е неопходно вклучете во 2. или
3. брзина.
Прилагодете го притисокот при дупчењето на
материјалот. Дупчете со рамномерен притисок.
Повремено повлечете ја бургијата од дупката, за да може
да се отстрани нечистотијата од дупчењето одн.правта од
дијамантските сегменти.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку крунестата бургија се стегне или заглави, ќе се
прекине погонот на вратилото за дупчење. Во ваков случај
веднаш исклучете го електричниот апарат, за да избегнете
изабување и вжештување на истиот.
Олабавете ја крунестата бургија со вртење со соодветен
вилушкаст клуч налево или надесно. Внимателно
извлечете го електричниот апарат од издупчената дупка.
Bosch Power Tools
Заштита од преоптоварување
Доколку се пречекори прагот на преоптоварување,
електричниот апарат почнува да пулсира. Намалете го
притисокот, додека електричниот апарат не се врати во
нормала.
Доколку притисокот на дупчење не се намали,
електричниот апарат се исклучува. Потоа веднаш можете
да го вклучите електричниот апарат, но ќе треба да
работите со помал притисок на дупчење.
Отстранување на јадрото од дупчењето
По дупчењето оставете ја водата да тече, за да ја исплакне
нечистотијата помеѓу крунестата бургија и јадрото од
дупчењето.
Доколку јадрото е заглавено во бургијата, удрете ја
крунестата бургија со меко дрво или парче пластика и
исфрлете го јадрото. По потреба истиснете го јадрото со
едно стапче низ насадниот крај на крунестата бургија.
Напомена: Не удирајте со тврди предмети по крунестата
бургија (опасност од деформација)!
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
По завршување на работата исчистете го вретеното за
дупчење 10. Повремено прскајте ги вретеното за дупчење
и крунестата бургија 9 со средство за заштита од корозија.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Македонски | 131
1 609 92A 0NR | (24.10.14)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gcr 350 professional

Table of Contents