Vivax ACP-18CC50GEI User Manual page 245

Table of Contents

Advertisement

8. Белешки за инсталација
Клима уредот мора да биде стабилно инсталиран и
треба да се врши проверка на исправноста на
инсталациите 3-4 пати годишно.
Избегнувајте ги местата што се на дофат на мали
деца.
Избегнувајте ги другите извори на топлина и сончева
светлина.
Инсталирајте ја внатрешната единица подалеку од
телевизор или радио.
Избегнувајте места на кои е можно истекување на
запалив плин.
На солените крајбрежни подрачја или посебните
подрачја во близина на сулфурни термални извори ве
молиме пред инсталација контактирајте го
дистрибутерот за да проверите дали е безбедно да се
користи уредот во таквите подрачја.
Не го инсталирајте уредот во перални.
Инсталација и транспорт
Инсталацијата и транспортот на уредот треба да го
извршат обучени лица.
При инсталирање користете само додатоци и делови
со спецификација. Ако тоа не го направите може да
дојде до електричен удар, истекување на вода или
пожар.
Направете ја инсталацијата имајќи ги предвид
силните ветрови, тајфуните или земјотресите.
Неисправната инсталација може да резултира со
предизвикување на несреќи со паѓање на уредот.
Доколку имате намера да го преместите уредот на
друго место ве молиме најнапред консултирајте се со
дистрибутерот.
Задолжително поврзете ја жицата за уземјување на уредот со уземјувањето на зградата.
Инсталирајте осигурувач-
Уземјување
Не ја поврзувајте жицата на уземјувањето со плинска или водоводна цевка, громобран или
телефонска жица.
Водоводни цевки
Некои делови од водоводните цевки се изработени од
пластичен материјал па поради тоа не се погодни за
уземјување.
Положба
Одберете место со добра вентилација затоа што тоа
може да влијае на работните својства и да ја зголеми
бучавата.
Инсталирајте го клима уредот на темели кои можат
да ја поднесат неговата тежина. Недоволната
издржливост на темелите може да резултира со
паѓање на уредот и предизвикување повреди.
Одберете место од кое топлиот воздух или бучавата
нема да им пречи на соседите.
Никогаш не поставувајте предмети во близина на
излезот на воздух од уредот затоа што тоа може да
влијае на работните својства или да ја зголеми
бучавата.
Доколку во текот на работата дојде до невообичаена
бучава веднаш контактирајте го дистрибутерот.
Поврзување на жици
Поврзувањето на жиците треба да го изврши
квалификувано лице во согласност со законите,
прописите и упатствата од овој прирачник, со
употреба на посебно струјно коло и соодветен
прекинувач.
Задолжително инсталирајте осигурувач.
Дијаметарот на кабелот мора да биде доволно голем.
(За дијаметарот погледнете на страна 24)
Ако електричниот кабел е оштетен мора да се замени
од произведувачот, овластениот сервисер или сл.
квалификувано лице за да се избегне опасност.
Уредот треба да се инсталира во согласност со
важечките прописи.
Плински цевки
Доколку случајно дојде до искрење од клима уредот
може едноставно да дојде до пожар или експлозија.
Бучава
26

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Acp-24cc70geiAcp-36cc100gei

Table of Contents