Download Print this page

CYBEX Cloud G i-Size User Manual page 133

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 10
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ПОТПОРАТА ЗА ГЛАВА
Прилагодливата потпора за глава (23) може да се прилагоди со помош
на рачката за прилагодување на потпората за глава (24). Кога ја
прилагодувате потпората за глава осигурете дека излезите за појасот за
рамо (25) се поставени на или веднаш под висината на рамената.
ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА ДЕТЕТО
1. Притиснете на копчето за прилагодување на ремен (26) и повлечете
ги двата ремени за рамо (27) истовремено за да ги разлабавите
ремените.
2. Отворете ја токата за ремен (2) со цврсто притискање на црвеното
копче.
3. Поставете го Вашето дете на автомобилското седиште со задниот дел
потпрен на седиштето.
4. Поставете ги ремените за рамо (27) директно над рамениците на
Вашето дете.
5. Поставете ги двете јазичиња на токата (28) заедно и заклучете ги на
место во токата на ременот (2). Треба да се слушне „КЛИКАЊЕ".
6. Доколку користите седиште со SensorSafe спојница, туркајте ја
затворената спојница додека не слушнете „КЛИКАЊЕ" и лизгајте ја
затворената спојница надолу кон токата на ременот (2).
7. Повлечете го централниот ремен за прилагодување (29) за да ги
затегнете ремените на рамо (27) додека не се наместат цврсто покрај
телото на Вашето дете.
��
Појасот треба да биде доволно затегнат така што ќе биде невозможно
превиткување на кој било од ремените.
8. Кога се користи со SensorSafe спојница, позиционирајте ја спојницата
веднаш под подлошките за рамената.
ФУНКЦИЈА ЗА РОТИРАЊЕ BASE G
Повлечете ја рачката за ротација на седиштето (20) на Base G за да го
завртите автомобилското седиште.
Пред да започнете со патувањето, осигурете дали автомобилското
седиште е правилно заклучено во место и дали индикаторот за насока на
движење (31) покажува ЗЕЛЕНО.
Автомобилското седиште автоматски се отклучува од основата штом ќе
��
се повлече рачката за ротирање на седиштето.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ШТИТНИКОТ ЗА СОНЦЕ
Отворете го за штитникот сонце (30) со повлекување на пластичната
обвивка.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ЛЕЖЕЧКИ ПОЗИЦИИ
Автомобилското седиште може да се префрли во лежечка позиција со
притискање на рачката за ослободување за лежечка позиција (32) додека
истовремено го поместувате задниот дел надолу.
СИСТЕМ ЗА ПАТУВАЊЕ
Автомобилското седиште можете да го прикачите на која било одобрена
количка. Поставете го автомобилското седиште на одобрениот адаптер
така што ќе кликне, свртен кон родителот. За отклучување, задржете ги
двете копчиња за ослободување на адаптерот за количка (33) и подигнете
го нагоре.
ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА ПОКРИВКАТА
ЗА СЕДИШТЕ
Покривката за автомобилското седиште се состои од 6 дела. Тие се
прицврстени за автомобилското седиште на неколку места. Откако ќе се
откопчаат, поединечните покривки може да се отстранат. При повторно
поставување на покривката, следете ги упатствата за отстранување во
обратен редослед.
Покривката може да се пере единствено на 30 °C во програмата за
��
перење на нежни ткаенини, инаку бојата на ткаенината на покривката
ќе избледи. Покривката перете ја одделно од другите алишта и не
сушете ја во машина за сушење или на директна сончева светлина!
ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ И ПРОПИСИ ЗА
ОТСТРАНУВАЊЕ
CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) дава 3-годишна
гаранција за овој производ. Гаранцијата важи во земјата каде што овој
производ првично бил продаден на купувачот од страна на продавач на
мало. Содржината на гаранцијата и сите суштински информации кои се
неопходни за утврдување на гаранцијата може да се најдат на нашата
почетна страница: go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-
seats. Доколку гаранцијата е наведена во описот на производот, Вашите
законски права во врска со неисправности остануваат непроменети.
Почитувајте ги прописите за отстранување отпад во Вашата земја.
MK
129

Advertisement

loading