Bosch 0 607 460 Series Original Instructions Manual page 177

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
OBJ_BUCH-2098-002.book Page 177 Wednesday, September 21, 2016 9:50 AM
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматските алати.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
одржување.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски алат.
Приклучок за напојување со воздух на пневматскиот
алат
– Зашрафете спојница за црево 5 на држачите за
приклучокот на доводот за воздух 6.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 5 треба да
притиснете на држачите за приклучокот за довод на
воздух 6 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
– Олабавете ги држачите за 14 цревото за довод на
воздух 13, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 5, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Напомена: Секогаш најпрво зацврстете го цревото за
довод на воздух на пневматскиот алат, а потоа на
единицата за одржување.
Замена на алатот (види слика C)
– Вметнете го алатот за вметнување во прифатот за алат 1
додека не се вклопи.
Употреба
Ставање во употреба
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 6,3 бари (91 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
Поставете го правецот на вртење
0 607 460 001 (види слика D)
– Десен тек: Прекинувачот за правец на вртење 3 не се
притиска.
– Тек на лево: Притиснете го прекинувачот за правец на
вртење 3.
Свртете го прекинувачот за правец на вртење 3, за да ја
заклучите позицијата.
0 607 460 400/... 401 (види слика E)
– Тек на десно: Притиснете го прекинувачот за правец
на вртење 3 до крај надесно.
– Тек на левоПритиснете го прекинувачот за правец на
вртење 3 до крај налево.
Bosch Power Tools
Подесување на вртежниот момент
(види слика F)
0 607 460 001/ ... 401
 При високи вртежни моменти потребна е голема
сила за придржување.
– Вртете ја чаурата за вртежен момент 2 додека не се
постави вртежниот момент.
Чаурата за вртежен момент 2 се вклопува на секоја
четвртина вртење.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен
од стрелките на часовникот создава помал вртежен
момент.
Започнете со пониски вредности за подесување.
Напомена: При зашрафување во мек материјал, при
подесување на низок вртежен момент спојката веќе не се
вади од брзина.
По подесување на вртежниот момент
– Прилагодете го вртежниот момент со пробно
зашрафување во зависност од материјалот (цврст,
среден, мек).
– Проверете го вртежниот момент со електронски мерен
уред за вртежен момент или момент-клуч.
Поставување на длабочината на зашрафување
0 607 460 400
Со чаурата за подесување 12 со вртење може да се избере
длабочината на зашрафување на главата на
зашрафувачот/одвртувачот во делот што се обработува4
во неколку степени. Секој степен одговара на промената
на длабочината за зашрафување за 0,25 мм.
Вртењето на чаурата за подесување 12 во правец на
стрелките на часовникот резултира со поголема
длабочина на зашрафување, а вртењето во спротивен
правец на стрелките на часовникот со помала длабочина
на зашрафување.
Најдобро ќе подесите доколку направите пробно
зашрафување.
Вклучување/исклучување
Општи напомени
Напомена: Доколку пневматскиот алат не стартува, напр.
по подолго мирување, прекинете го напојувањето со
воздух, и свртете го повеќепати моторот на прифатот за
алат 1. Притоа ќе се отстранат атхезионите сили.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го пневматскиот
алат само доколку го користите.
Вклучување/исклучување кај пневматски
алати со преоптеретна спојка
Пневматските алати имаат спојка за исклучување, која
зависи од вртежниот момент, и се подесува во повеќе
граници. Таа реагира доколку се постигне подесениот
вртежен момент.
1 609 92A 37V | (21.9.16)
Македонски | 177

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

0 607 460 0010 607 460 4010 607 460 400

Table of Contents