Bosch GCO 2000 Professional Original Instructions Manual page 164

Hide thumbs Also See for GCO 2000 Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
OBJ_BUCH-1063-003.book Page 164 Wednesday, July 3, 2013 1:51 PM
164 | Македонски
 Не користете прибор што не е специјално предвиден
и препорачан од производителот на овој електричен
апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба,
само заради фактот дека приборот може да се
прицврсти на вашиот електричен апарат.
 Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по работата,
додека не се олади. Брусната плоча за сечење за
време на работата се вжештува.
 Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е
оштетен смее да го поправи само овластената
сервисна служба за електрични апарати на Bosch.
Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете
го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста
на електричниот апарат.
 Добро чувајте го неискористениот електричен
апарат. Местото на складирање мора да биде суво и
затворено. Ова го спречува оштетувањето на
електричниот уред за време на складирањето или тој да
биде ракуван од страна на неискусни лица.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
 Електричниот апарат не го користете доколку
кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел
и не го влечете струјниот приклучок, доколку кабелот
се оштети за време на работењето. Оштетениот кабел
го зголемува ризикот за електричен удар.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознака
Значење
 Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење со брусни плочи,
додека работи електричниот уред.
Доколку дојдете во контакт со
брусната плоча за сечење, постои
опасност од повреда.
 Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
 Носете заштитни очила.
1 609 92A 0CZ | (3.7.13)
Ознака
Значење
 Носете маска за заштита од прав.
 Носете заштитни ракавици.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат, како фиксиран уред, е наменет за
изведување на агли со косо сечење 45° со помош на
должински и напречни резови со брусната плоча за
сечење со прав тек на резот во метални материјали без
користење на вода.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Дршка
4 Заштитна хауба со повратен механизам
5 Блокада за вретеното
6 Брусна плоча за сечење
7 Аголен граничник
8 Вретено за фиксирање
9 Брзо отклучување
10 Дршка за вретеното
11 Отвори за монтажа
12 Основна плоча
13 Шраф за фиксирање за аголниот граничник
14 Прстенест клуч (15 мм; 13 мм)
15 Транспортен осигурувач
16 Граничник за длабочина
17 Рачка на апаратот
18 Транспортна дршка
19 Заштитна хауба
20 Плех за заштита од искри
21 Вретено на алатот
22 Стезна прирабница
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents