Важни Информации - CYBEX SOLUTION B3 I-FIX User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 7
СЕРТИФИКАЦИЈА
R129/03
SOLUTION B3 I-FIX
CYBEX Solution B3 i-Fix
Specific Vehicle Booster Seat
100 cm – 150 cm
Група: 100 – 150 см
Се препорачува за возраст од приближно 3 до
12 години
030091
UN Regulation
No. 129/03
Cybex GmbH
Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth
Germany
Благодариме што одлучивте да го купите детското седиште Solution
B3 i-Fix за вашето дете.
Прочитајте ги внимателно упатствата пред да го инсталирате
седиштето во возилото и секогаш чувајте ги овие упатства при рака
во специјално наменетиот оддел за прирачник за возило (a).
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Без одобрение од Органот за типска хомологација, детското седиште за
автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било начин.
Со цел детето да биде заштитено правилно, апсолутно е неопходно да
го користите детското седиште како што е опишано во овој прирачник.
Ова детско седиште може да се монтира само на седишта на возило
што се одобрени за користење со системи за врзување деца во
согласност со прирачникот на возилото.
Соодветно е само за седишта на возила со автоматски каиши со три
точки за фиксирање одобрени во согласност со Регулативата 16 на ОН
или со споредлив стандард.
Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани
во упатството и означени на системот за врзување деца.
MK
Целата површина на наслонот за грб на детското седиште мора да
доаѓа во допир со наслонот за грб на возилото.
Каишот за рамо мора да минува нагоре и назад дијагонално. Никогаш
не смее да минува напред во правец на горната точка на каишот во
возилото.
Закопчувалката на каишот на возилото никогаш не смее да се вкрстува
со водилката на каишот на седиштето. Ако фиксниот држач на каишот
е премногу долг, детското седиште е несоодветно за користење
во оваа позиција во возилото. Ако не сте сигурни, контактирајте со
производителот на системот за врзување.
92
Каишите со три точки за фиксирање во возилото мора да минуваат
само низ назначените жлебови. Жлебовите за водење на каишот се
детално опишани во овој прирачник и означени се на детското седиште
со зелена боја.
Скутниот каиш мора да минува што е можно пониско преку слабините
на детето за да има максимален ефект при судир.
Пред секоја употреба треба да се погрижите автоматскиот сигурносен
каиш на возилото со три точки на прицврстување да биде приспособен
правилно и добро прицврстен на телото на детето. Никогаш не
превиткувајте го каишот!
Само оптимално приспособениот наслон за глава може да му понуди
на детето максимална заштита и удобност, а истовремено да гарантира
дека каишот за рамо се поставува без пречки.
Детското седиште мора секогаш да биде прицврстено правилно со
каишот на возилото, дури и кога не се употребува.
Секогаш треба да бидете сигурни дека детското седиште во ниеден
момент не е заглавено кога ја затворате вратата на автомобилот или
кога го приспособувате задното седиште.
Детското седиште е исто така тестирано и одобрено за користење без
линеарните странични заштитници од удар (L.S.P.).
Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да
бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ
автомобилот, што би можело да предизвика смртоносни повреди.
Детското седиште никогаш не смее да се употребува без навлаката
на седиште. Погрижете се да се употребува само оригинална
навлака на седиште CYBEX, бидејќи навлаката е клучен елемент за
функционирање на седиштето.
Никогаш не оставајте го детето во автомобилот без надзор.
Деловите на системот за врзување деца се загреваат на сонце и може
да предизвикаат изгореници на детската кожа. Заштитете ги детето и
детското седиште од директно изложување на сончева светлина.
Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на детското
седиште што не може да се види со голо око. Заменете го седиштето за
автомобил по сообраќајна несреќа. Ако се двоумите, советувајте се со
застапникот или со производителот.
Не користете го ова детско седиште подолго од 9 години. Детското
седиште е изложено на големо оптоварување за време на рокот
на траење на производот, што води до промени во квалитетот на
материјалот со текот на времето.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents