CYBEX SOLUTION B3 I-FIX User Manual page 95

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 7
Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење
и топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или
белила!
На некои седишта на возило изработени од чувствителни материјали,
користењето детски седишта може да остави дамки и/или да
предизвика бледнеење. За да го спречите ова, може да ставите ќебе,
крпа или сличен предмет под детското седиште за да го заштитите
седиштето на возилото.
ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ
(а) Оддел за чување на
Упатството за корисник
(b) Наслон за грб
Приспособлив наслон за глава
(c)
(d) Рачка за приспособување на
висината на наслон за глава
Перниче
(e)
Водилка на скутен каиш
(f)
(g) Водилка на каишот за рамо
(h) Линеарна странична заштита од
удари (L.S.P)
ПОЧЕТНО СКЛОПУВАЊЕ
Поврзете го наслонот за грб (b) со перничето (e) со прикачување на
водилката со кука на осовината на перничето. Потоа, преклопете го
наслонот за грб (b) нанапред.
ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО
Со вовлечени рачки за заклучување ISOFIX (i) седиштето за возило може
да се употребува на седишта на возило опремени со автоматски каиш со
три точки за фиксирање. За користење на ISOFIX, ве молиме осврнете се
на списокот со компатибилни возила на
www.cybex-online.com.
Кога детето има висина поголема од 135 см, компатибилноста помеѓу
Solution B3 i-Fix и вашето возило може да се намали. Прегледајте го
списокот со компатибилни возила за да проверите дали седиштето на
возило може да се употребува во сите позиции на потпирачот за глава без
ограничувања.
Рачки за заклучување ISOFIX
(i)
Рачка за прилагодување на
(j)
ISOFIX
(k) Копче за ослободување
ISOFIX
Безбедносен индикатор
(l)
ISOFIX
(m) Точки за закотвување ISOFIX
Во особени случаи, детското седиште за автомобил може, исто така, да
се употребува на предното патничко седиште. Секогаш почитувајте ги
препораките на производителот на возилото.
МОНТИРАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ВО ВОЗИЛОТО
1. Секогаш треба да бидете сигурни дека...
• наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција,
• кога го монтирате детското седиште на предното патничко седиште,
тоа е приспособено што е можно поназад, без да влијае врз жлебот за
водење на каишот.
2. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX (j) под перничето (e) и
повлечете ги целосно двете рачки за заклучување ISOFIX (i).
3. Сега, завртете ги рачките за заклучување ISOFIX (i) 180 степени, така
што ќе бидат завртени во правец на точките за закотвување ISOFIX (m).
4. Поставете го детското седиште на соодветното седиште во возилото.
5. Турнете ги двете рачките за заклучување (i) во точките за закотвување
ISOFIX (m) сè додека не се заклучат во соодветната позиција и додека
не слушнете звук на закопчување.
6. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX (j) и туркајте го
седиштето на автомобил кон седиштето на возилото.
7. Бидете сигурни дека целата површина на наслонот за грб (b) на
детското седиште се потпира врз наслонот за грб на седиштето на
возилото.
Ако потпирачот за глава на возилото претставува препрека, повлечете
��
го целосно нагоре или отстранете го (освен кај седишта на возило
завртени наназад).
8. Бидете сигурни дека седиштето е добро прицврстено, обидувајќи
се да го извлечете од точките за закотвување ISOFIX (m). Зелените
сигурносни показатели (l) мора да бидат јасно видливи на двете страни
на седиштето.
9. Ако седиштето се употребува без ISOFIX, може да се остави во долниот
дел на седиштето.
Кога користите ISOFIX, се создава врска со возилото што ја зголемува
��
безбедноста на детето. Детето сепак треба да се врзе со каишот со три
точки за фиксирање на возилото.
MK
93

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents