Makita EY2650H Original Instruction Manual page 130

Hide thumbs Also See for EY2650H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Стартувајте  го  моторот  само  во  согласност  со  упатствата.
-
Не  користете  никаков  друг  начин  за  стартување  на  моторот!
-
Поставете  ја  опремата  на  стабилна  површина.  Одржете  добра  
рамнотежа  и  стабилна  потпора  со  стапалата.  
-
Кога  ја  повлекувате  рачката  на  стартерот,  држете  ја  опремата  цврсто  
надолу  кон  земјата  со  вашата  лева  рака.  Никогаш  не  газете  врз  
погонската  оска.
-
Пред  стартување  на  моторот,  осигурете  се  да  нема  луѓе  ниту  животни  во  
работната  област.
-
Кога  го  стартувате  моторот,  држете  ги  синџирната  пила  и  лентата  за  
водење  настрана  од  вашето  тело  и  другите  предмети  вклучувајќи  ја  
земјата.  Синџирот  на  пилата  може  да  се  придвижи  при  стартувањето  и  
да  предизвика  тешка  повреда  или  штета  на  синџирот  на  пилата  и/или  
имотот.
-
Во  случај  на  проблеми  со  моторот,  тој  мора  веднаш  да  се  исклучи.
-
Ако  синџирот  на  пилата  удри  во  камења  или  други  тврди  предмети,  
веднаш  исклучете  го  моторот  и  проверете  ја  опремата.
-
Работете  со  опремата  само  со  ременот  за  рамо  поставен  и  соодветно  
прилагоден  пред  вклучување  на  опремата.  Од  клучна  важност  е  ременот  
за  рамо  да  се  прилагоди  во  согласност  со  големината  на  корисникот  за  
да  се  спречи  замор  кој  настанува  заради  работата.  Никогаш  не  држете  ја  
пилата  со  една  рака  за  време  на  нејзината  употреба.
-
Додека  моторот  работи  во  празен  од,  поставете  ременот  за  рамо.  За  
време  на  работата,  цврсто  држете  ја  опремата  од  вашата  десна  страна.
-
Сите  заштитни  елементи  и  штитници  испорачани  со  машината  мора  да  
се  користат  за  време  на  работата.
-
Никогаш  не  стартувајте  го  моторот  со  неисправен  пригушувач  за  
издувникот.
-
Освен  во  итен  случај,  никогаш  не  оставајте  ја  и  не  испуштајте  ја  
опремата  на  земја  бидејќи  тоа  може  сериозно  да  ја  оштети  опремата.
Полнење  гориво
-
Исклучете  го  моторот  за  време  на  полнењето  гориво,  држете  се  настрана  
од  оган  и  не  пушете.
-
Избегнувајте  вашата  кожа  да  дојде  во  допир  со  производи  од  минерални  
масла.  Не  вдишувајте  пареа  од  горивото.  Секогаш  носете  заштитни  
ракавици  за  време  на  полнењето  гориво.  Менувајте  ја  и  перете  ја  
заштитната  облека  на  редовни  временски  интервали.
-
Внимавајте  да  не  истурите  гориво  или  масло  за  да  не  дојде  до  
загадување  на  почвата  (заштита  на  животната  средина).  Исчистете  ја  
опремата  веднаш  откако  се  истурило  гориво.
-
Избегнувајте  горивото  да  дојде  во  каков  било  допир  со  вашата  облека.  
Ако  се  истурило  гориво  врз  облеката,  веднаш  пресоблечете  се  и  
заменете  ја  (за  да  не  се  запали  облеката).
-
Проверувајте  го  капачето  за  горивото  на  редовни  временски  интервали  
осигурувајќи  дека  може  сигурно  да  се  затвори  и  дека  не  протекува.
-
Внимателно  стегнете  го  капачето  на  резервоарот  за  гориво.  Преместете  
се  пред  да  го  стартувате  моторот  (барем  3  метри  подалеку  од  местото  на  
полнење  гориво).
-
Никогаш  не  полнете  гориво  во  затворени  простории.  Доаѓа  до  
насобирање  на  испарувањата  од  горивото  на  ниво  на  земјата  (ризик  од  
експлозии).
-
Транспортирајте  го  и  чувајте  го  горивото  само  во  одобрени  садови.  
Осигурете  се  горивото  да  се  чува  на  места  недостапни  за  деца.
Метод  на  работа
-
Во  итен  случај,  веднаш  исклучувајте  го  моторот.
-
Ако  почувствувате  каква  било  необична  состојба  (на  пример  бучава,  
вибрации)  за  време  на  работата,  исклучете  го  моторот.  Не  користете  ја  
опремата  додека  не  се  најде  и  отстрани  причината  за  тоа.
-
Синџирот  на  пилата  продолжува  да  се  движи  уште  кратко  време  откако  
ќе  се  отпушти  прекинувачот  за  гасот.  Не  брзајте  да  го  допирате  синџирот  
на  пилата.  
-
Држете  ја  предната  дршка  со  левата  рака,  а  задната  дршка  со  десната  
рака  без  разлика  дали  сте  десничар  или  левичар.  Обвиткајте  ги  прстите  
и  палците  околу  дршките.  
-
Никогаш  не  обидувајте  се  да  работите  со  опремата  со  една  рака.  
Губењето  контрола  може  да  резултира  со  тешки  или  фатални  повреди.  
За  намалување  на  ризикот  од  повреда,  држете  ги  рацете  и  стапалата  
подалеку  од  сечилата.
-
Не  пресегнувајте  се.  Секогаш  одржувајте  стабилна  потпора  со  стапалата  
и  рамнотежа.
-
Внимавајте  на  скриени  пречки,  како  што  се  пенушки,  корења  и  дупки  за  
да  не  се  сопнете.  Чистете  ги  паднатите  гранки  и  другите  предмети.  
-
Ако  опремата  се  здобие  со  тежок  удар  или  пад,  проверете  ја  нејзината  
состојба  пред  да  продолжите  со  работа.  Проверете  дали  во  системот  
за  гориво  има  протекувања,  и  проверете  ги  контролите  и  безбедносните  
уреди  за  дефекти.  Доколку  има  какво  било  оштетување  или  сомнеж,  
побарајте  проверка  и  поправка  од  овластен  сервисен  центар  Makita.
-
Не  допирајте  го  куќиштето  на  преносниот  систем.  Куќиштето  на  
преносниот  систем  станува  жешко  за  време  на  работата.
-
Секогаш  кога  ја  оставате  опремата,  дури  и  тоа  да  е  за  кратко  време,  
исклучувајте  го  моторот.  Ако  опремата  се  остави  без  никој  да  внимава  на  
неа  додека  моторот  работи,  може  да  биде  употребена  од  неовластено  
лице  и  да  се  предизвика  тешка  незгода.  
•  Одмарање
•  Транспортирање
•  Полнење  гориво
•  Одржување
•  Замена  на  алат
130

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ey2650h25h

Table of Contents