Makita EY2650H Original Instruction Manual page 129

Hide thumbs Also See for EY2650H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Безбедност  на  работната  област
-
Опасност:  Држете  ја  пилата  на  рачка  на  растојание  од  најмалку  
15  м  од  електрилните  водови  и  телекомуникациски  кабли  (вклучувајќи  
ги  гранките  што  ги  допираат).  Ако  се  допрат  или  ако  се  приближите  
до  високонапонски  водови  со  пилата  на  рачка,  може  да  дојде  до  смрт  
или  тешка  повреда.  Погледнете  каде  се  наоѓаат  електричните  водови  
и  електричните  огради  околу  работната  област  пред  да  започнете  со  
работа.
-
Работете  со  пилата  на  рачка  само  во  услови  на  добра  видливост  и  
дневна  светлина.  Не  работете  со  пилата  на  рачка  во  темница  или  магла.
-
Стартувајте  го  и  работете  со  моторот  само  на  отворено  во  добро-­
проветрени  области.  Работењето  во  затворени  или  слабо-­проветрени  
области  може  да  резултира  со  смрт  заради  задушување  или  труење  со  
јаглерод  моноксид.
-
За  време  на  работата,  никогаш  не  стојте  на  нестабилна  или  лизгава  
површина,  или  на  надолнина.  За  време  на  зимата,  внимавајте  на  мразот  
и  снегот,  и  секогаш  обезбедувајте  стабилна  потпора  со  стапалата.
-
За  време  на  работата,  луѓето  и  животните  во  близина  треба  да  стојат  на  
растојание  од  најмалку  15  м  од  пилата  на  рачка.  Ако  некој  се  приближи,  
веднаш  исклучете  го  моторот.
-
Пред  работата,  испитајте  дали  во  работната  област  има  жичени  огради  
или  други  тврди  предмети.  Тие  може  да  ја  оштетат  синџирната  пила.
-
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:  Користењето  на  овој  производ  може  да  
создаде  прашина  што  содржи  хемиски  супстанции  што  може  да  
предизвикаат  респираторни  и  други  заболувања.  Некои  примери  
за  такви  хемиски  супстанции  се  соединенија  што  се  наоѓаат  во  
пестицидите,  инсектицидите,  вештачките  ѓубрива  и  хербицидите.  
Ризикот  од  изложувањето  зависи  од  тоа  колку  често  работите  работи  од  
ваков  тип.  За  да  ја  намалите  изложеноста  на  овие  хемиски  супстанции:  
работете  во  добро-­проветрени  области  и  работете  со  одобрена  
безбедносна  опрема,  како  што  се  маски  за  прав  што  се  специјално  
направени  за  да  филтрираат  микроскопски  честички.
Стартување
-
Пред  склопување  или  прилагодување  на  опремата,  исклучете  го  моторот  
и  извадете  го  капачето  на  свеќичката.
-
Пред  стартување  на  моторот,  прегледајте  дали  опремата  има  
оштетувања,  лабави  завртки/навртки  или  е  неправилно  склопена.  
Наострете  го  истапениот  синџир  на  пилата.  Ако  синџирот  на  пилата  е  
свиткан  или  оштетен,  заменете  го.  Проверете  дали  сите  контролни  рачки  
и  прекинувачи  лесно  работат.  Исчистете  ги  и  исушете  ги  дршките.
-
Никогаш  не  обидувајте  се  да  го  стартувате  моторот  ако  опремата  
е  оштетена  или  ако  не  е  целосно  склопена.  Во  спротивно,  може  да  
настанат  тешки  повреди.
-
Прилагодете  ја  затегнатоста  на  синџирот  правилно.  Дополнете  масло  за  
синџирот  ако  е  потребно.
Стартување  на  моторот
-
Осигурете  да  нема  деца  или  други  луѓе  во  работната  област  и  исто  така  
внимавајте  на  животните  во  близина.
-
Облечете  ја  опремата  за  лична  заштита  пред  да  го  стартувајте  моторот.
-
Осигурете  се  додатокот  да  е  монтиран  на  место,  контролната  рачка  
лесно  да  работи  и  проверете  дали  работи  исправно  рачката  за  
блокирање.
-
Ако  синџирот  на  пилата  се  движи  во  празен  од,  исклучете  го  моторот  
и  прилагодете  ја  брзината  во  празен  од.  Побарајте  прилагодување  од  
страна  на  овластен  сервисен  центар  ако  имате  сомнежи.  Проверете  
дали  дршките  се  чисти  и  суви,  и  тестирајте  го  функционирањето  на  
прекинувачот  за  стартување/исклучување.
129

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ey2650h25h

Table of Contents