Стартување; Повратен Удар; Работно Однесување/Начин На Работа - Makita EA3200S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3200S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
горивото ниту маслото за синџирот.
3-5. Стартување
-
Не работете сами. Во близина мора да има уште
едно лице за итен случај (на растојание на кое се
слуша довикување).
-
Осигурете, во работната област, да нема деца или
други лица. Исто така, обрнете внимание на животните
во работната област (Сл. 8).
-
Пред да започнете со работа, проверете ги
беспрекорното фунционирање на синџирната
пила и безбедноста на работата во согласност со
прописите.
Особено проверете го функционирањето на
сопирачката на синџирот, правилната монтажа
на лентата за водење, правилната наостреност и
загегнатост на синџирот, цврстината на монтираниот
штитник за синџирникот, лесното движење на лостот
за гас, функционирањето на блокадата на лостот за
гас, дали се рачките чисти и суви, и дали функционира
исправно прекинувачот ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/
ИСКЛУЧЕНО).
-
Стартувајте ја синџирната пила само ако е целосно
склопена. Никогаш не користете ја синџирната пила
ако не е целосно склопена.
-
Пред да ја стартувате синџирната пила, погрижете се
да имате стабилна потпора со нозете.
-
Стартувајте ја синџирната пила само онака како што
е опишано во ова упатство за употреба (Сл. 9). Други
методи за стартување не се дозволени.
-
Кога ја стартувате синџирната пила, мора да биде
на стабилна површина и добро да е прицврстена.
Лентата за водење и синџирот не смеат да бидат во
допир со никакви предмети.
-
Кога работите со синџирната пила, секогаш држете
ја со двете раце. Со десната рака држете ја задната
рачка, а со левата - рачката во форма на цевка.
Држете ги рачките цврсто такашто вашите палци да
бидат свртени кон вашите прсти.
-
ВНИМАНИЕ: Откако ќе го отпуштите лостот за гас,
синџирот продолжува да се движи уште кратко
време (слободно вртење).
-
Погрижете се континуирано да имате цврста потпора
со стапалата.
-
Држете ја синџирната пила така што да не ги
вдишувате издувните гасови. Не работете во
затворени простории (опасност од труење).
-
Веднаш исклучете ја синџирната пила ако
забележите промена во нејзиното работно
однесување.
-
Исклучете го моторот пред проверката на
затегнатоста на синџирот, пред затегнувањето на
синџирот, пред неговата замена или во текот на
поправката (Сл. 10).
-
Ако уредот за сечење удри во камења, шајки или
други тврди предмети, веднаш исклучете го моторот и
проверете го уредот за сечење. Ако синџирната пила
е изложена на удар, како на пример, силен удар или
пад, проверете дали целата синџирна пила работи
правилно.
-
Кога престанувате со работа или го напуштате
работното место, исклучувајте ја синџирната пила
(Сл. 10) и оставајте ја на таков начин што никој да не
биде доведен во опасност.
● Одржување
● Полнење гориво
● Острење на синџирот
122
● Запирање на работата
● Транспортирање
● Ставање вон функција
ВНИМАНИЕ: Не поставувајте ја презагреаната
синџирна пила врз сува трева или на какви
било запаливи предмети. Издувникот е многу
жежок (опасност од пожар).
-
ВНИМАНИЕ: Маслото, што капи од синџирот или од
лентата за водење откако синџирот на пилата запрел,
ќе ја загади почвата. Секогаш користете соодветна
подлога.
3-6. Повратен удар
-
Кога работите со синџирната пила, може да настанат
опасни повратни удари.
-
Повратен удар настанува кога горниот дел од крајот
на лентата за водење допре дрво или други тврди
предмети (Сл. 11).
-
Тоа предизвикува пилата да биде отфрлена наназад
кон корисникот неконтролирано и со голема сила.
Ризик од повреда!
За да избегнете повратен удар, следете ги овие
правила:
-
Само специјално обучени лица треба да извршуваат
длабочински засеци, т.е. дупчење дрво или дрвени
материјали со врвот на пилата!
-
Никогаш не принесувајте го крајот од лентата кога го
започнувате засекот.
-
Секогаш набљудувајте го крајот од лентата за водење.
Бидете внимателни кога продолжувате претходно
започнат засек.
-
Кога започнувате со сечење, синџирот мора да биде
во движење.
-
Осигурете синџирот секогаш да е правилно наострен.
Обрнете особено внимание на височината на
граничникот за длабочина.
-
Никогаш не сечете по неколку гранки одеднаш. Кога
сечете гранка, водете сметка да не допрете ниту една
друга гранка.
-
Кога сечете стебло попречно, водете сметка за
стеблата во неговата близина.
3-7. Работно однесување/Начин на работа
-
Користете ја синџирната пила само при добра
светлина и во периоди на видливост. Бидете
претпазливи во лизгави и влажни подрачја, мраз и снег
(опасност од лизгање). Ризикот од потлизнување е
многу голем кога работите на неодамна излупено дрво
(кора од дрво).
-
Никогаш не работете на нестабилни површини.
Осигурете во работната област да нема никакви
пречки, бидејќи во спротивно, постои ризик од
сопнување. Погрижете се секогаш да имате цврста
потпора со стапалата.
-
Никогаш немојте да сечите над висината на вашите
рамена (Сл. 12).
-
Никогаш не ракувајте со пилата стоејќи на скала
(Сл. 12).
-
Никогаш не качувајте се на дрвја за таму да сечете со
синџирната пила.
-
Не посегнувајте предалеку при работата.
-
Водете ја синџирната пила така што ниту еден дел од
вашето тело да не се наоѓа на проширената патека на
движење на пилата (Сл. 13).
-
Користете ја синџирната пила само за сечење дрво.
-
Избегнувајте да ја допирате земјата со синџирната
пила додека работи.
-
Никогаш не користете ја синџирната пила за подигање
или отстранување парчиња дрво или други предмети.
-
Отстранете ги надворешните материјали, како песок,
камења и шајки, од рамките на работната област.
Надворешните предмети може да го оштетат уредот за
сечење и да предизвикаат опасен повратен удар.
-
Кога сечете претходно сечен дрвен материјал,

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3201sEa3202sEa3203s

Table of Contents