Монтирање На Куќиштето На Вентилаторот; Чистење На Областа Околу Филтерот За Воздух/ Областа Околу Вентилаторот; Чистење На Решетката На Цилиндарот; Замена На Главата За Всмукување - Makita EA3200S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3200S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
олабави на контролиран начин ако повратната пружина
отскокнала од пластиката.
Внимателно вметнете нова касета со повратна пружина и
притиснете надолу додека не зафати.
Поставете го добошот на сајлата на неа и вртете бавно
додека не се активира повратната пружина.
Монтирајте ги пружината (6) и туркачот (8) и прицврстете
ги добро со завртката (7).
Затегнување на пружината (видете погоре).
Замена на пружината на стартерот
НАПОМЕНА: Ако пружината (6) во системот за
стартување Featherlight е скршена, ќе биде потребен
поголем напор за стартување на моторот и ќе забележите
одреден отпор при повлекување на сајлата на стартерот.
Ако го забележите тоа, проверете ја пружината (6) и
заменете ја ако е потребно.
7-10. Монтирање на куќиштето на
вентилаторот
(Сл. 72)
Вметнете го воздушниот водич (3) во куќиштето на
вентилаторот така што трите вдлабнатини (4) да се
активираат.
Поставете го куќиштето на вентилаторот да лежи на
куќиштето, притиснете благо врз него и повлекувајте ја
дршката на стартерот додека стартерот не се активира.
Стегнете ги завртките (1).
7-11. Чистење на областа околу филтерот за
воздух/ областа околу вентилаторот
(Сл. 73)
Извадете го капакот.
Извадете го куќиштето на вентилаторот.
ВНИМАНИЕ: За да спречите повреда на очите,
секогаш носете заштита за очи кога го чистите
филтерот со компресиран воздух!
Целата област (15) сега може да се исчетка или да се
исчисти со компресиран воздух.
7-12. Чистење на решетката на цилиндарот
(Сл. 74)
За чистење на решетката на цилиндарот може да се
употребни кружна четка.
7-13. Замена на главата за всмукување
(Сл. 75)
Филтерот од филц (16) на главата за всмукување може
да се затне. Се препорачува, главата за всмукување да
се заменува на секои три месеци со цел за да осигура
непречен проток на гориво во карбураторот.За да ја
извадите главата за всмукување за нејзино заменување,
повлечете ја низ грлото за полнење на резервоарот со
помош на жица свитката на едниот крај во вид на кука.
137

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3201sEa3202sEa3203s

Table of Contents