Стартување И Запирање На Моторот - Makita EA3600F Instruction Manual

Petrol chain saw
Hide thumbs Also See for EA3600F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
СТАРТУВАЊЕ И ЗАПИРАЊЕ НА МОТОРОТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Не стартувајте го моторот додека целосно не ја склопите и проверите
синџирната пила.
ВНИМАНИЕ:
• Преместете се најмалку 3 метри (10 стапки) од местото каде сте полнеле
гориво во синџирната пила.
• Осигурете да имате стабилна потпора со нозете и поставете ја пилата на
земја.
• Погрижете се лентата за водење и синџирот на пилата да не се во допир со
ништо.
• Не заборавајте да ја активирате кочницата на синџирот пред да го
стартувате моторот.
ИЗВЕСТУВАЊЕ:
• Никогаш не влечете го јажето до целата негова должина.
• Полека вратете ја дршката за стартување во куќиштето. Во спротивно,
отпуштената дршка за стартување може да ве удри или може да не се
намота правилно.
• Моторот, веднаш по стартувањето, мора да се стави да работи во празен од.
Во спротивно, квачилото може да се оштети. Побарајте помош од овластен
сервисен центар.
Стартувајте го моторот
1. Активирајте ја кочницата на синџирот (блокирајте ја).
2. Цврсто држете ја предната рачка со левата рака и притиснете ја синџирната
пила на земјата.
3. Држете го задниот штитник за рака со вашето десно стапало.
4. Стартувајте го моторот во согласност со околностите на моторот на
следниот начин.
Првично стартување
Кога моторот не се користел веднаш пред стартувањето, извршете ги следниве
чекори:
1. Притиснете ја пумпата за полнење неколку пати додека горивото не навлезе
во пумпата за полнење. (Вообичаено потребни се 7 до 10 притиснувања.)
2. Поместете го нагоре комбинираниот прекинувач (положба на саух). Со тоа,
исто така, се активира блокадата на половина гас.
3. Бавно влечете ја дршката за стартување додека не почувствувате
компресија. Тогаш, повлечете ја силно. Може да се потребни два до четири
обида додека моторот не запали.
4. Штом моторот запали, поместете го комбинираниот прекинувач на средна
положба (I). Потоа, повторно силно повлечете ја дршката за стартување
додека моторот не се стартува.
5. Фатете ја задната рачка (со фаќањето се ослободува прекинувачот за
блокада на гас) и малку повлечете го прекинувачот за гас, а потоа отпуштете
го.
6. Ослободете ја кочницата на синџирот.
Загреано стартување
Кога моторот не користел веднаш пред стартувањето и сè уште е топол,
извршете ги следниве чекори:
1. Притиснете ја пумпата за полнење неколку пати додека горивото не навлезе
во пумпата за полнење. (Вообичаено потребни се 7 до 10 притиснувања.)
2. Поместете го нагоре комбинираниот прекинувач (положба на саух) и потоа
вратете го назад на средна положба (I).
3. Бавно влечете ја дршката за стартување додека не почувствувате
компресија. Тогаш, повлечете ја силно. Може да се потребни два до четири
обида додека моторот не стартува. Ако моторот не стартува, извршете
ги чекорите потребни за првично стартување (видете го делот „Првично
стартување").
Штом моторот започне да работи, фатете ја задната рачка (со фаќањето
се ослободува прекинувачот за блокада на гас) и малку повлечете го
прекинувачот за гас, а потоа отпуштете го.
4. Ослободете ја кочницата на синџирот.
143

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3601f

Table of Contents